Жителите на општината Чаир и денеска протестираа против изградба на згради на местото на паркот во општината. Со пораки напишани и извикувани и на македонски и на албански се надеваат дека ќе издејствуваат промена на ДУП и ќе допрат до градоначалникот на општината Изет Меџити
Стравуваат дека, освен што ќе го изгубат просторот за шетање и игра, ќе имаат проблеми и со водата ,струјата и место за паркирање.
Иницијативниот одбор за спас на парковите тврдат дека не е точно дека имало јавна расправа за парковите и дека никој немал забелешки, како што изјавувал Меџити. Очекуваат да ги покани на разговор, за лично да му ги поднесат своите барања.