Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Протест во Куманово: „Не си играјте со оган“

0
By Нова ТВ on April 10, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со транспаренти: „Не си играјте со оган во Куманово“ и „Не ги чепкајте гласовите на Албанците“, „Патот за Европа води низ Куманово“ како и врзани македонски и албански знамиња носеа денеска на протестот граѓаните на Куманово.

Како што објавува Кумановоњус, граѓаните од Куманово, од сите националности се собрале на едночасовен протест пред зградата на Oпштината во знак на поддршка на градоначалникот Зоран Дамјановски.

Пред присутните се обрати шефот на изборниот штаб на СДСМ,Оливер Спасовски кој рече дека нема да дозволат, како што истакна, да се фалсификува волјата на гласачите кои во вториот круг му дадоа поддршка на Дамјановски.

Дамјановски потенцира дека треба да се почитува волјата на гласачите и посочи оти политичките опоненти поднесуваат 30 приговори, за, како што рече, ниту една забелешка во записниците.

Тој ги повика присутните на мирен протест кој ќе се одржи утре во 11 часот пред зградата на општината.

– Куманово денеска самостојно сака да протестира, ќе искажеме верба во институциите на системот, очекувам Државната изборна комисија и судските институции да судат според закон, а не според партиски наредби, рече Спасовски.

Протестите се последица на вчерашното одземање на избирачките списоци од 3 избирачки места од страна на истражен судија.

Ден после изворите ДИК објави дека во Куманово победи Зоран Дамјановски од СДСМ со освоени 50,77 проценти од гласовите пред Зоран Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ со 47,28 проценти.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
ФОКУС

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

ВЕСТИ November 7, 2025

Швајцарскиот гигант „Ганвор Груп“ ја повлече понудата од 22 милијарди долари за меѓународниот бизнис на…

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.