Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Протест за Кежаровски и мртвата слобода

0
By Сашка Цветковска on July 25, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Стотина новинари денеска на протест пред Кривичниот суд во Скопје повторно побараа слобода за нивниот притворен колега Томислав Кежаровски. Ова е втор протест на новинарите пред кривичниот суд, а доаѓа еден ден по одлуката на Кривичниот совет да го продолжи притворот на новинарот за нови 30 дена, со што тој останува трет месец зад решетките во Шутка.

Протестот започна со повик на претседателката на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници Тамара Чаусидис која побара едноминутно молчење за мртвата слобода.

„Мислам дека поради ова што сега се случува со Кежаровски, се што ни се случува во последните месеци, време да се соочиме со реалноста – слободата на изразување е мртва; мртва е како што професионално се мртви некои колеги кои работат во контролирани медиуми и, за жал, и физички е мртва како што се мртви некои нејзини поборници“, рече Тамара Чаусидис.

>>Критики за притворот на Кежаровски и од европските новинари

Претседателот на Здружението на новинар Насер Селмани ги повика на разум судиите кои ја потпишаа одлуката за притвор на Кежаровски

>>ФОТО: Графити пред Собранието „Слобода за Кежаровски“

„Тука сме да повикаме на разум ако уште остана разум во оваа институција. Оваа одлука е дрска, затоа што сакаат од новинарите да напрацат монструми. Тие судии што вчера ова го потпишаа знаат дека нашиот колега нема да избега, и многу добро знаат дека тој нема таква материјална состојба да бега и да живее надвор од државата. Одлуката покажува дека слободата на изразувањето е во милост и немилост од арбитрарните одлуки на судот“, изјави Селмани.

>>ОБСЕ со критики за продолжувањето на притворот за Кежаровски

Новинарите го повикаа колегата Кежаровски да го прекине штрајкот со глад, кој трае веќе четврти ден. Главниот уредник во весникот „Нова Македонија„ Зоран Димитровски му порача да го чува своето здравје, но ги повика и Претседателот, премиерот и министрите да стават крај на како што го нарече „кадиско-спахискиот и султански систем на органите на правдата“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
ФОКУС

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

ВЕСТИ October 30, 2025

Управниот одбор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје денеска упати „итна ургенција“ до градоначалничката…

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.