Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Протести во Берлин: Повеќе од 100.000 луѓе излегоа за мир во Украина

0
By Ivana on February 27, 2022 НАСЛОВНА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Повеќе од 100.000 луѓе излегоа на улиците на Берлин на протести против руската агресија врз Украина, далеку надминувајќи ги очекувањата на организаторот за 20.000 учесници. 

Илјадници луѓе ги пополнија булеварите меѓу Бранденбуршката порта и Столбот на победата. Се вееја украински знамиња, а на транспарентите беа испишани пораки како „Сопрете ја војната“, „Сопрете ја трговијата со Путин“ и „Солидарност со Украина“.

На протестот, организиран заеднички од организации за човекови права, мировни движења, синдикати и цркви, имаше значително поголем број демонстранти од најавените 20.000. Полицијата споменува „ниска шестцифрена бројка“, додека организаторите говорат за над половина милион демонстранти.

Сите патишта што водат до местото на настанот, Обелискот на победата, недалеку од Бранденбуршката порта, се полни со демонстранти кои се уште пристигнуваат од сите страни.

Поради големиот број насобрани, полицијата во неколку наврати го прошируваше просторот наменет за собирање на демонстрантите.

Говорниците на протестот повикаа на прекин на воените активности и продолжување на преговорите, а руските власти да се повлечат од Украина.

Истовремено се бараше непречен прием на бегалците од Украина.

На вонредната седница на Бундестагот, денеска , германскиот канцелар Олаф Шолц најави одобрување за извоз на оружје за Украина, зголемување на воениот буџет на Германија и забрзување на процесот на намалување на зависноста од руските енергетски извори.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025

Лавров: НАТО и Европската Унија се во војна со Русија

September 26, 2025
ФОКУС

The Times of Israel:  Планот на Трамп за Газа – Израел ќе ја повлече војската и Палестинците нема да бидат раселени

СВЕТ September 27, 2025

Соединетите Американски Држави им презентираа на неколку арапски и муслимански лидери нацрт-план од 21 точка,…

СБ: Македонија, Косово и Молдавија со најголем пад на населението

September 26, 2025

Од утре, 26-ти септември 2025 казни за мобилен на пешачки

September 25, 2025

Вашингтон: Шефот на Пентагон свика итен состанок на стотици генерали и адмирали

September 25, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025

Лавров: НАТО и Европската Унија се во војна со Русија

September 26, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.