Повеќе од 1000 луѓе се собирани пред Парламентот на Босна и Херцеговина во Сараево, а истовремено се зголемува и бројот на полицајци.
Луѓето се револтирани зарадии смртта на бебето кое заради тоа што немаше матичен број не можеше навреме да се лекува и денеска почина во болница во Белград.
“За смртта на беето, овде луѓето директно ја обвинуваат владата. Но нејзините родители ми кажаат дека матичниот број не бил пресуден, бидејќи биле решени илегално да ја преминат границата. Насобраните луѓе немаат план што ќе прават, но бараат Парламентот да го донесе законот за единствен матичен број“, напиша репортерката на Ал Џезеира на Фејсбук страницата на телевизијата, пред половина час.
Ова е потресната сторија за голготата на родителите на болното бебе