Со транспарент „Пробавте да скриете убиство“, нешто пред 19 часот голем број демонстранти го започнаа протестниот марш од пред зградата на Специјалното јавно обвинителство.
Учесниците на денешните протести извикуваат „Нема правда нема мир“, и носат транспаренти со ликот на Мартин Нешковски кој пред речиси пет години беше претепан до смрт од полицискиот службеник Игор Спасов, прашувајќи „Кој е следниот?“.
Како што најавија од платформата Протестирам претходно денешните протести меѓудругото ќе бидат и против полициската бруталност како манифестација на режимот.
На денешен ден пред пет години опозицијата обелодени еден од прислушуваните материјали на кои функционери од власта се обидуваат да го скријат убиството.
Пред Собранието демонстрантите извикуваат „Убијци, убијци“, додека на разглас се пуштаат снимките од прислушуваните разговори.