Собирите во Палермо, Торино, Рим, Болоња и други градови во Италија, во знак на протест на италијанските студенти, против планираните мерки за штедење на Владата во областа на образованието, прераснаа во судири со полицијата.
Студентите бараат поголеми инвестиции во италијанските образовни институции и образованиот систем.
Во неколку европски земји, исто така, студентите протестираат. Во Бугарија студентите бараат оставка на Владата поради корупциските скандали.
Илјадници студенти протестираа пред два дена во Букурешт и во поголемите романски градови со барање шест проценти од бруто домашниот производ (БДП) да бидат одвоени за образованието.
Во Шведска одлуката на Владата со која се овозможува универзитетите да останат поавтономни и управувани од приватни фондации, исто така предизвика серија протести на студентите.