СДСМ денеска ќе го продолжи протестниот караван со автомобили на членови на партијата. Караванот ќе се движат по нова маршута.
Колоната автомобили ќе тргне од пред салата „Јане Сандански“ и ќе се движи по булевар „АВНОЈ“ кон Ново Лисиче.
На крстосницата со булевар „Србија“, караванот ќе сврти лево и ќе се движи по булеварот „Киро Глигоров“, се до клучката во Автокоманда.
Потоа ќе продолжи да се движи по булеварот „Александар Македонски“ и преку улиците „16-та Македонска бригада“, „Коце Металец“ во Железара и „Ферид Бајрам“ во Чаир.
На крстосницата пред општина Чаир караванот ќе сврти десно по булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“, па потоа лево по улицата „Босна и Херцеговина“ и ќе се движи по улиците „Кемал Сејфула“, „Џон Кенеди“ и „Цветан Димов“, се до булеварот „Крсте Петков Мисирков“.
Преку булеварот „Гоце Делчев“, покрај ТЦ „Мавровка“ и „Илинденска“, караванот ќе пристигне пред зградата на Влада на Република Македонија.