Ниту пет проценти од самохраните мајки немаат сопствен дом, нивните деца немаат приоритет за прием во градинките со што им е оневозможува и нивно вработување. Една од нив е Росана Стојановиќ која е во седмиот месец од бременоста, со две малолетни деца чиј сопруг починал пред три месеци. Таа апелира да и се помогне за зимата да не ја поминат на улица.
Самохраните мајки с е камшикувани не само од општеството, од институциите, туку и од семејството и околината, вели во ПРОЦЕС Дороти Пачкова од здружението на еднородни родители „Една може“.