Ида Протугер: Додека читам за изборните резултати, наидов на овој пост на Ленче Ристоска. Се сеќавате на Лаура Ковеши, главната обвинителка на Романија која и објави војна на корупцијата кога земјата во 2013 формираше Национален директорат за антикорупција?
По многу успешни случаи, секако и силни притисоци, во 2018 тогашниот министер за правда ја разреши, односно остави без работа. Бидејќи корупцијата му беше мила. Потоа ЕУ си ја прибра и искористи како свој кадар и сега е европски главен обвинител.
Ленче имаше храброст да биде дел од СЈО во борба како таа на Ковеши. Македонија нема толку квалитетни кадри па да си дозволи да ја загуби Ленче, сега кога партијата на власт која седи кај неа на обвинителна клупа е осилена и врши ваков притисок.
Очекувам сите партии кои се залагаат за европски вредности, како и сите независни, да ја заштитат Ленче и да не оди до таму бруката да ја заштитува ЕУ и да и нуди азил.
Извор: Фејсбук
