Од седиштето на руската компанија во Москва за 24 Вести, потврдуваат дека се чекаат резултатите од анализата која треба да покаже од каде е економски исплатливо да поминува трасата за кракот преку кој земјава ќе се поврзе со Јужен поток.
„Во зависност од резултатите ќе се прецизираат деталите во договорот“– велат во екскузивна изјава за 24 вести од Газпром.
„Преговорите со Македонските партнери се во тек. Засега дискутираме за сите детали за студијата за исплатливост и за потпишување на договорот“ – велат од Газпром.
Вчера Министерството за финасии го објави договорот кој на мегувладино ниво беше потпишан во Москава минатата недела. Станува збор за Спогодбата за соработка при изградба на гасоводниот крак.
Во неа се наведува дека „Ќе се изврши анализа, која треба да ја одреди техничката, економската, еколошката и финансиската оправданост на реализацијата на проектот гасоводен крак. Врз основа на резултатите ќе се потврди целисходност на реализација на проектот“.