Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Прво издание на Фестивалот на малата школа за краток филм во Битола

0
By Нова ТВ on October 20, 2019 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Центарот за култура во Битола од утре ќе биде домаќин на првото издание на Фестивалот на малата школа за краток филм, за време на кој се организирани проекции на краткометражни филмови наменети за млада публика.

Првото издание на фестивалот во Битола, всушност е продолжување на шеснаесеттото издание на Фестивалот на малата школа на краткиот филм на Меѓународниот филмски фестивал од Нанси-Франција, кој покрај организирање на фестивалот, особено има искуство во воспитувањето преку филмот, јавува дописникот на МИА.

-Првата цел на оваа акција во Битола е да се открие филмската уметност воопшто, ова преку краткометражниот филм од европско и француската продукција. Втората цел е да се развие посебен поглед на начинот на читањето и гледањето на филмската слика. После секоја проекција е предвидена размена на мислења со младите гледачи, на кои сакаме да им дадеме неколку клучеви за подобро читање на сликата и со тоа на филмот и да ги наведеме да го изразат нивното чувство. Односно што чувствуваат и како го разбираат филмот, вели Бландин Брунхес-Гламчевски, директорка на Меѓународниот филмски фестивал до Нанси и задолжена за  воспитување преку филмот.

Воспитно-образовната екипа на филмскиот фестивал од Нанси, кој годинава одбележа 25 години од своето постоење, од кои 16 години со искуство во воспитувањето преку филмот, се погрижи да ја  изработи програмата на кратките филмови од француска и европска продукција, за кои ова ќе биде македонска премиера.

Фестивалот започнува утре со проекција во училиштето Славко Лумбарковски во С. Гермијан, а потоа со проекции во Центарот за култура -Битола, завршувајќи со проекција во училиштето Коле Канински во село Буково. Организаторите на фестивалот: Меѓународниот филмски фестивал од Нанси, Центарот за култура Битола и Француската алијанса од Битола, одлучија сите проекции да бидат бесплатни, и посебно Семејната проекција за деца на возраст од 6-11 години во среда 23 октомври во 18 часот во Големата сала на Центарот за култура Битола, на која се поканети и повозрасни гледачи, со цел да ги отвори младите кон филмската уметност. Проекциите во селата исто така се дел од политиката на Малата школа на краткиот филм за отворањето на филмската уметност кон публиката оддалечена од културата.

Првото издание на Фестивалот на Малата школа на краткиот филм во Битола е финансиски поддржано од  француски Епинал збратимениот град на Битола, Францускиот институт Скопје, Француската алијанса Битола, Центарот за Култура Битола и асоцијацијата АЅ АЈ ВО-Меѓународен филмски фестивал од Нанси-Фрација.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025
ФОКУС

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

ВЕСТИ October 7, 2025

По убиството на судијата во Албанија, кого еден обвинет вчера го застрела во срце во…

Трамп: САД ќе продаваат ракети „Томахавк“ на НАТО – дел ќе завршат во Украина

October 7, 2025

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

October 6, 2025

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025
ТИКЕР

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.