Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Прво па женско – за поинакво одбележување на 8 март

0
By on March 7, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По повод 8-ми март Младинскиот културен центар организира целодневна прослава на празникот на поинаквата жена.

Програмата на настанот:
ЖЕНСКА СОБА
12.00 кино Фросина, фоаје на кат
Сопствена соба. Топол, интимен простор за раскажување убави приказни, размена на искуства и идеи за нови соработки. Претставувања и презентации отворени за публиката.
Домаќин(к)и: Реактор, Theatra, Контрапункт, Сигмапрес, Здруженска. ЛезФем, Skopje Casual, Преплет.
РАБОТИЛНИЦА „ПРАКТИЧНА ЖЕНА“
12.00 галерија на МКЦ
Инспирирана од иницијативата „Куварице“ на уметничката група Шкарт (РС). Везење во живо во соработка со Здружението Домаќинки на Македонија од Скопје. Цитатот е на Jenny Holzer, а илустрација на Em Ellephantski.
ИЗЛОЖБА НА ФОТОГРАФИИ
12.00 галерија на МКЦ
8-ми март во интимниот фокус на Камка Тоциновски, Ѓорче Ставревски, Ана Јакимска, Иван Илиев, Наташа Гелева NeuErotik, Самир Љума, Катја Штркова, Димитар Апостолов, Менче Петреска и Филип Пајдаков.
SPIN-UP GIRLS со Бори се женски
12.00 фоаје на МКЦ
Kреативен и интерактивен спин на механизмите на популарните медиуми што на различни (директни и суптилни) начини наметнуваат шаблони во кои треба да се смести женската личност и женското тело. Разиграна, позитивна и весела деконструкција и можност за премислување на она што ти велат дека треба да бидеш и да имаш/направиш/чувствуваш како жена.
Размисли, бори се, промени!
„Бори се женски“ е независна и неформална grass root иницијатива посветена на промовирање на родовата рамноправност преку поттикнување дебата во јавната сфера.
БАЗАР
12.00 фоаје на МКЦ
Одлична можност да (си) купиш поклон за 8ми март?
ATAMI & Em Ellephantski, Александра Шекутковска, LUDUS, Драма студио Ивана Кнез, Нита Муча и Дафина Џепаровска,
M craft’s, Wizаrt (Јасмина Главинче и Милена Крстева), Soro Jewelry (Андријана Андреева), Chic Undercowear, Плетени колачиња, Ultra Design Shop, Damaja [handmade] i Atelier ندى..
ФИЛМСКА ПРОГРАМА
14.00 кино Фросина
Женски осврт на македонската кинематографија во соработка со Кинотека на РМ.
14:00 Фросина (1952) Режија: Воислав Нановиќ
15:30 Јас, Блага Мицанова (1977) Режија: Вангел Чемчев – Лаки
15:45 Опасна Баба (1985) Режија: Милчо Манчевски
16:00 Исправи се Делфина (1977) Режија: Александар Ѓурчинов
НИКУЛЕЦ КРЕАТИВА: ДЕТСКО КАТЧЕ
16.00 кино Фросина, фоаје на кат
Многу деца. Еден куп дрвени боички и гооолема илустрација на Jacinta Bunnell – креаторката на првите gender sensitive боенки за деца. Дојдете заедно со децата да ги обоиме стереотипите со боите на виножитото.
Центарот за едукација и креативност за деца „Никулец Креатива“ работи на развивање на креативноста кај децата од школска возраст преку практични вежби, стратешко размислување и интеракција. Ќе им помогнеме на децата да ги препознаат и изразат индивидуалните способности, интереси и таленти, и да создадат заеднички интереси и чувство на припадност преку тимска, креативна работа и учење.

ХНУ КУЛИНАРСКИ ПЕРФОРМАНС „ВКУСОТ НА МАШКИОТ РУЧЕК“ + Матине концерт на June
18.00 фоаје на кино Фросина
Учесници: Давид Ангелевски, Влатко Деловски и Артан Садику
ХНУ_Истражувачкото студио за храна наука и уметност, преку готвењето на храна го истражува процесот од идеја до готово дело. ХНУ го поставува прашањето за врската помеѓу рецептот и крајниот вкус. Дали секој рецепт може да биде претворен во добар вкус? ХНУ преку целиот овој процес има за цел да потенцира колку е важна одговорноста во готвењето/создавањето на кулинарските/културните продукти.
„June“ е производ на ентузијазмот на тројца инжињери длабоко вљубени во музиката. Формиран во октомври, 2010 од Бојана, Данчо и Филип, бендот остава автентичен траг на македонската музичка сцена, давајќи и здив на свежина со својот микс од indie pop, americana со примеси на акустичен country pop. Досега имаат свирено на неколку фестивали и концерти, меѓу кои и на Таксират 2010, како пред група на Nouvelle Vague, EXIT 2011, Здраво Млади 2012, PIN Conference и други.
ЖЕНИ СО МУСТАЌИ. МАЖИ БЕЗ БРАДА
Балетски перформанс
19.30 кино Фросина
Концепт: Ивана Коцевска
Играат: Ивана Коцевска и Игор Веланоски
Кога последен пат си се преправела дека не можеш да ја отвориш теглата со џем? Ние сме интуитивни, талентирани и можеме сè. Одамна ја побивме идејата за посилниот пол. И сега што? Кој кому му ја краде машкоста и што со неа?
ДИСКУРЗИВЕН НАСТАН „ЖЕНА И ПОЛ“
конципиран од Ивана Васева, Филип Јовановски и Јованка Попова
20.00 Денсинг сала
Кому сè, имајќи ги предвид инструментализираните позиции на моќ во ова општество, „треба“ да му се „исповеда“, односно – дава отчет, современата жена.
Кратки монолози на избрани припаднички на женската популација во форма на лични „исповеди“ кои во контекст на просторната инсталација (сценски импровизирана кабина – исповедалница) се полу-интимни и полу-јавни, овозможуваат „препознавање“ и јавно изговарање на проблеми поврзани со машката доминација, потиснатоста на жената без право на глас, патријархалната традиција, а особено за потчинетост кон „авторитетот“ – препознаен како олицетворение на црквата, нацијата, партијата, мажот-татко во традиционалното семејство, или мажот-претпоставен на работното место. Тргнувајќи од слоганот „личното е политичко“, како феминистички референт од 60-те и 70-те години, методот на исповед всушност е обид да се отелотвори гласот на отпорот.
КОНЦЕРТ: РЕПЕТИТОР
21.00 Денсинг сала
Скопје е подолго време во здрава љубовна врска со Репетитор. И не е чудно, ако се земат предвид нивните незаборавни, високоенергетски настапи што не смеат да се пропуштат. Милена (тапани), Борис (гитара, вокал) и Ана-Марија (бас, вокал) се типичен пример на вистински луѓе што се нашле во вистинско време на вистинско место и сега полека, но сигурно стануваат дел од новото, сè уште неиспишно поглавје на рок историјата и културата на овие простори.
На ПРВО ПА ЖЕНСКО доаѓаат да го промовираат својот штотуку излезен албум“Dobrodošli na okean”, што критиката го нарече вистинско сонично искуство. Облечете се удобно, ќе има многу играње!
Домашна поддршка: De Dash feat. Yannah, Dayanas vs. The World
Жестоки женски звуци од скопското соседство. Кој еднаш ја видел De Dash во живо, не пропуштил ни еден нејзин следен настап. А Dayanas допрва ќе ги засакате.
ЖЕНИ ЗАД DJ ПУЛТОТ
01.00 фоаје на кино Фросина

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

October 2, 2025

Падна скеле – 36 загинати и над 200 повредени во Етиопија

October 2, 2025

Дојави за бомби во училишта низ речиси цела Србија

October 2, 2025

Досега регистрирани 72 жртви од силниот земјотрес на Филипини

October 2, 2025

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025
ФОКУС

30 години од атентатот врз првиот претседател на независна Македонија Киро Глигоров

ВЕСТИ October 3, 2025

На денешен ден, 3-ти октомври во 1995 година се случи атентат врз Претседателот на Македонија,…

Време: Зимата ја претрка есента

October 3, 2025

Дронови го затворија аеродромот во Минхен – откажани 17 летови

October 3, 2025

Копенхаген: Европските лидери се „договорија“ за ништо

October 2, 2025
ТИКЕР

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

October 2, 2025

Падна скеле – 36 загинати и над 200 повредени во Етиопија

October 2, 2025

Дојави за бомби во училишта низ речиси цела Србија

October 2, 2025

Досега регистрирани 72 жртви од силниот земјотрес на Филипини

October 2, 2025

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.