Првоосомничениот за убиство на хрватскиот ракометар Денис Тот ноќеска околу 2 часот бил спроведен во КПУ Затвор Скопје за издржување на притворот од 30 дена.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека 28-годишниот А.Ѓ. ноќеска е приведен на територија на населба Аеродром.
„По преземени интензивни мерки и активности за негово пронаоѓање и приведување, лицето околу 01:20 часот се предало на полициски службеници од Оперативен тим Потраги на подрачје на нас. Аеродром“, информира МВР.
Покрај А.Ѓ, приведени се и 19-годишната К.Л. и 22-годишниот А.К на кои, исто така, им е одреден 30-дневен притвор. Тие се осомничени дека го претепале хрватскиот ракометар Денис Тот пред дискотеката „Централ парк“ во Скопје кој подоцна почина на скопските клиники.