Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Психо Квазимодo ПОП

0
By Нова ТВ on December 28, 2015 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

автор: Александар Петров

Самоволието против скверување на архитектурата како пракса и професија продолжува,како што впрочем се случува и во секој останат сегмент од нашето веќе запуштено општество.

Дури и кога би станало збор за бенефити од иновативни и паметни куќи,чиј терет би го сноселе одговорни професионалци ,би можел да го разберам стремежот на некој визионер да биде социјално користен….Но глупост како оваа со гратис проектите може да се случи само во нашиот психомодо свет. Верувајте,ваква гротеска досетка може да дојде само при неукост на една ограничена личност,доследна за пихоанализа.И тоа од две причини:

-Дозволата за изградба не е јавно добро и неможе да се субвенционира затоа што е приватна обврска на секоја единка или мноштво кое ќе одлучи да изгради свој комодитет; и

-Самата изградба на избраниот проектот е едно големо ништо без градежна подршка,која и тек како ја води строителот!!

Барајќи ја логиката на сиов овој вакум интервал на творештва , ја согледувам професијата излишена и тотално деконструктивна ,која постепено преминува во нематериална ,психолошка и патолошка.

Архитектурирањето изгуби од својата убавина, форма, од своето својство и значење.Без потребните димензии стана површна и безначајна,без раскош.За неа повеќе не важат ни стандарди ни квалитети,ни социолошки поими.Таа се сведе на глупост и угнетеност. Со тоа се угнети и нашиот потесен сооднос и интимен соживот во просторот.

Талкајќи по зададената дилема прстот го усмерувам во горенаведениот и најодговорниот за оваа деградација ,и во случајов го подржувам неговиот ментален склоп.Секако и тој ќе мора да живее во социо еколошкиот контекст кој самоволно го издеградира.

ПИРАМИДИУМ

Следниов предлог оди во прилог на незаконско стекнатите плацеви на Водно . Нивната потреба да се национализираат,и како такви да преставуваат од јавен интерес на историската глупост во Македонија.Да се форсира изградба на музеј на алчноста и клептоманството.И впрочем тука ќе најдеме субконтекст за да подобро си ги појасниме нештата кои непречено ни се случуваа сиве овие години.

Оваа градба ќе ни ја преставува нашата национална индивидуа од една деценија ,пренесена преку олицетворение на сеголемиот квазимодо,длабоко запечатен во осакатената Поп културата.

Зашто е битна таа парцела за нацијата(парче државно земјиште)?
Тоа е парче земја на тлото на Македонија,кое преставува идиома на бескрајната неодговорност во одреден временски интервал .

Тоа е парцела на која ќе мора да се изгради тоа што и вождот отсекогаш си го замислувал како круна на неговото владеење – МАРЗОЛЕУМОТ НА НЕГОВАТА МИЗЕРИЈА.
Вечниот дом (марзолеум) е замислен преку прекршување на две контра пирамиди.Симболички ,повикува на јадната антика како метод за лек од вечноста.Долната пирамида која се поистоветува на древните времиња го преставува животот како инспирација од старите фараони и владетели.

Но, во овие модерни времиња ќе вметнеме и контрапирамида,која ќе пркоси и ќе ја симболизира смртта.Таа животната , ќе биде искречена во Златна боја,додека пак таа на смртта во црна боја(обложена со црна керамика)…за да ги ограничиме симболички.

Оваа очајна дијалектика ќе ја поставиме надвор од задедената маркицка ,за да укажеме на коруптивниот систем ,кој излегува од легалната зададена линија за градба.Косината на теренот ќе мора да се разора за да се уништи целокупната топографија и да се иззида зид кој ќе ја заштитува градбата од полисот и околината.Целиот рид кој што ќе го завземе да биде соголен ,сите дрва што ќе постојат да се исечат за да се доведе до ерозија целокупното околно земјиште,кое во иднина ќе имитира пустина на која ќе може да доминира смачканата дво пирамида.

Во неа се влегува преку импозантен влез,преку сета онаа висина која го дели од постоечкото земјиште.

Преку атриумот се влегува во единствената соба која се добива од пресекот на двете призми,со површина од околу 150 м2. Тука ќе се одвива деформираниот живот на вождот.Впроцем и висината на сводовите не е стандарднна.Таа е 1,80м ,висина доволна само колку да може да помине неговото висиночество.Со тоа се создава хоризонтален јаз кој задава силна клаустрофобија која е дополнета од деформираните прозорци.

Сите прозори се различни и искривени ,и го поимуваат искривениот начин на поимување и гледање на нештата во надворешноста.Визијата на сесветата природа и околина во која случајно се задесил непишаниот владетел. Останатите пуни и коси зидови во енттериерот ќе бидат обложени со Огледала за да го зголемат изопачениот поглед од нискиот свод и да му ги прошират вештачките пространства на хаусцилации.Дополнително да му го зголемат (психолошкото битие) психолоскиот хаос од кој маченикот пати.

Ентериерот кој се користи е стилски, суров и неудобен,баш таков што произлегува од непоштувањето на современите дизајнерски стандарди.Мебел направен од тепка и вклобен без никаква логика ,ад хок поставен со тенденција да биде импозантен.

Единствена кружна скала го поврзува влезот со главниот престој и кровната тераса.Таа е заштитена со високи парапети преку кои едвај може да се види надворешноста на околината.

Единствен излез постои преку северната страна од падината каде се доспева до панорамското тркало со една единствена жолта корпа.Преку центрифугата се задава боженствен контакт со околниот свет.Така осамена корпата лебди над заборавениот град и се возвишува во тишината на психолошката изгубена самосвест.

П.С:

Како додаток може во позадина да иде и една турбо фолк нумера на познатата српска силиконска убавица ,за да ја дополни околната тишина:

……………….Djavo je nocas opet u gradu
tvoje oci on ima, ko ti je lagao
dosao je po svoje da je djavo
jednom sa mnom spavao……………………
Ana Nikolic

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.