Парламентарното Собраните на Советот на Европа со мнозинство гласови ја усвои резолуцијата и препораката предложена од известувачот Роберт Валтер за постмониторинг дијалог на Република Македонија.
ПССЕ одлучи да го продолжи постмониторинг дијалогот со Република Македонија за прашањата подвлечени во извештајот, а согласно препораката се очекува Комитетот на министрите на Советот на Европа да отвори биро на СЕ во Македонија за да ги координира активностите на Советот на Европа со цел да и се помогне на Македонија да ги задоволи обврските кон најстарата паневропска организација.
Парламентарците во дискусиите се осврнаа на инцидентот во македонскиот Парламент од 24 декември, поздравувајќи го договорот од 1 март.
Усвоениот текст го потврдува напредокот на Македонија во изминатите пет години, но земјата мора да работи на спроведување на реформите во правосудството, борбата против корупцијата, слободата на медиумите и имплементацијата на Охридскиот рамковен договор.