Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пучдемонт разрешен од функцијата, распуштен каталонскиот Парламент

1
By Нова ТВ on October 27, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Шпанскиот премиер Мариано Рахој вечерва најави дека на Карлес Пучдемонт е разрешен од својата функција, претседателот на каталонската Влада. Истата судбина со него ќе ја делат и сите членови на Владата на Каталонија кои вечерва беа разрешени.

“Ова се првите мерки што ги применуваме за да ги оневозможиме одговорните од каталонската извршна власт да продолжат со ескалацијата на непослушноста”, изјави Рахој по состанокот на шпанската Влада што се одржа вечерва во Мадрид.

Одлуката е донесена откако доби зелено светло од шпанскиот Сенат.

Попладнево Парламентот на Каталонија прогласи независност на регионот, одлука проследена со овации, аплаузи и скандирање “слобода” и “независност” на илјадниците Каталонци собрани пред Парламентот.

Одговорот на Мадрид стаса по одвај еден час. Рахој изјави дека ќе го врати “владеењето на правото” во Каталонија по што следеше одлуката на шпанскиот Сенат за контрола на сепаратистичкиот регион.

Реакции по независноста

Францускиот претседател Емануел Макрон изрази целосна поддршка за шпанскиот премиер Маријано Рахој откако парламентот во Каталонија прогласи независност.

– Имам еден соговорник во Шпанија и тоа е премиерот Маријано Рахој… Има правна држава во Шпанија со уставни правила. Рахој ја има мојата целосна поддршка, изјави Макрон за време на посета во Француска Гвајана.

Велика Британија „не ја признава и нема да ја признае независноста на Каталонија“, јавија британски медиуми пренесувајќи изјава на портпарол на премиерката Тереза Меј. Според него, декларацијата е врз основа на гласање што „го оквалификувавме како илегално“. Премиерот на Белгија, Шарл Мишел ги повика денеска властите во Мадрид и Барселона на дијалог по одлуката за независност на Каталонија.

– Една политичка криза може да се реши само со дијалог. Повикуваме за мирно решение, напиша Мишел на Твитер.

Италијанскиот министер за надворешни работи Анџелино Алфано истакна дека „декларацијата за независност на Каталонија е многу сериозен чин и е надвор од границите на законот“.

Тој нагласи дека Италија нема да го признае едностраното прогласување независност од страна на каталонскиот парламент.

– Сега е потребен дијалог за да се поштеди населението од ескалирање на тензии, додаде Алфано.

Шпанија останува важен сојузник на НАТО, а Каталонија е внатрешно прашање кое треба да се реши во рамките на шпанските институции, изјави претставник на Алијансата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.