Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пукајте по сите, премиерот држи говор!

0
By Биљана Секуловска on January 3, 2015 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Разно-разни непријателски елементи на Фејсбук и Твитер, од кои огромен дел се соросоидни гниди, или како што би рекле на ФБ страницата на ВМРО на денот- соросписки гадови, а останатите несомнено СДСМ, се исмеваа со фактот што новогодишниот говор на премиерот Груевски беше емитуван на сите телевизии (24 и Телма се исклучок) со денови, 24/7.

Со тоа всушност, неуставно се напаѓаше исправната уредувачко-државничка политика, небаре во овој говор да станува збор за сталинизам, што би рекол министерот Тодоров кога говори за Професорскиот пленум, а не за природен процес кој треба вечно да трае, амин браќа и сестри.

За вакви оркестрирани напади и злосторничко здружување не се лежи, туку се измачува во затворски кампови во Северна Кореја, би ве потсетила, додека џелатите со нескриена радост чекаат климнување.

Овој говор од исторско значење за земјава треба да ги грее сплотените срца на Македонскиот народ, во денови кога струјата во некои делови на земјава е исклучена, се потрошиле свеќите, нема леб и вода, а ниту проодни патишта, откако падна снег од некој сантиметар вишок од предвиденото со програмата на ВМРО, всушност како што и прилега на една “земја со трет економски раст во Европа”, да го цитирам импресивниот говор на премиерот.

Оттука, во серијалот тенденциозни, на граница со кривично гонење напади, би го истакнала позитивниот пример на нашиот другар Миле Паника, од порталот Паника.бе, кој со восхит го поддржа секојдневното репризирање на говорот на нашиот премиер Груевски, со одлична идеја која несомнено се имплементира со засилено темпо: говорот ќе биде достапен и на мобилен телефон, а новината допрва следи- ќе се пренесува и на шпорет, само за оние кои имаат струја.

Знаете како? Ова е малку, ние заслужуваме повеќе.

Ако има правда и бога, говорот треба да биде испечатен на новиот грб, во срцето на лавот, онаму каде што допира душата, во самата срцевина на патриотската ДНК, онаму каде што само може да ги удри непокорните македоноиди.

Говорот треба да се емитува преку закачен звучник на секое македонско знаме, да се замотаме и обмотаме со него, тоа да биде нашата нова народна носија, нашата нова Зара, нашиот must!

Да се вбризга говорот во секое апче и во секоја инјекција, само така ќе може да репродуцираме правилни мисли и да проектираме новоговор на чист македонски јазик, не оној на Блаже Конески, никако оној на Ацо Шопов, не станува збор за Славко Јаневски, сите не можеа да се лустрираат и да се понижат доволно, затоа што ионака мора да бидат заборавени, татнеше власта.

После овој говор, во оваа земја нема да има потреба од писатели и книги, затоа што Тој е веќе роден и само Тој смее и мора да се чита и да се има на полиците, деноноќно да се прераскажува и повторно да се препрочитува, да влезе во секоја пора од телото, во секоја шуплина на телото на секоја шупелка, како што само и прилега на една пералница на мозок од земја.

Што со библиотеките? Што со книгите, што со архивите? Не смее да остане таму ниту еден Достоевски, да не го видиме никогаш Ружди, да ги снема Кристофер Хиченс и Стивен Хокинг, ако воопшто и ги има, но ако тоа не е случај, да се купат, за да можат свечено да се запалат на Плоштадот Пела и на улицата Аминта 3 (чисто за инает, заради името), додека солистите на Македонската опера поддржани од хорот на сите можни уметници ги изведуваат педантно и храбро стиховите од говорот и во исто време ги кинат нивните писма во кое во име на уметноста бараат да не се воведува новиот данок за хонорарците. Но, вие пукајте по сите, Тој држи час!

Говорот на премиерот е само рециталот кој вреди да се опее и да се испечати во сите учебници, но предмети повеќе не смее да има. Да се укинат македонски, биологија, математика, музика, говорот е единствениот учебник и предмет кој смее да се знае и пее, да распали, нека стане химна, нека се прават слетови, нека се носи како штафета, нека биде тоа нашиот живот, за друг да не знаеме, за да не посакаме.

Професорите, каде со нив по ѓаволите? Согласно Уставот и законите, затворската казна е веќе предложена, но после овој говор, воопшто и бесмислено е да се говори за некакви професори, пленуми, да ги пратиме во историјата, онаму каде што припаѓаат. Тие професорски сталинисти велат, дури ни во средниот век немало затворски казни за нив? На Пол Пот би му се допаднало ова, затоа што тој знаеше што со ваквите, мајката нивна комунистичка.

Единствените цитати во научните дела ќе бидат користени само од говорот, всушност научните дела ќе го анализираат и истражуваат подлабински само говорот, лабораториите само оваа состојка ќе ја вмешуваат, МАНУ ќе значи во превод- говорот, Менделеевиот закон ќе има само еден елемент- говорот на нашиот драг премиер.

Тоа ќе биде нашиот единствен импакт-фактор во светот со кој ќе се натпреваруваме со светската научна мисла, а не како досега, до Врање и Крагуевац течеше мислата и секнуваше. Сега научните списанија во светот по сила на нештата ќе се самоукинат, затоа што довчерашниот сталинистички пленум ќе стане мртов и од неговиот пепел ќе се роди еден, кој умира од среќа што произвел Манифест- од говорот на премиерот.

Весниците верувам дека нема да имаат ништо против секој ден на насловната и на секоја можна страница да биде испечатен говорот на премиерот. Ионака не постои друга вистина во весниците. “Фокус” и “Слободен печат” и критичките онлајн медиуми според некаков природен закон самоиницијативно треба да се затворат, пред да се сети Пол Пот дека новинарите се секогаш неговата прва станица кон пеколот.

Телевизиите кои со денови го емитуваа говорот на премиерот едно двеста милиони пати и со тоа ја напишаа новата Библија на новинарството, ги оставив за крај. Затоа што има една важна порака за нив: “Човекот е минлив. Можеби е така, но ајде да умреме давајќи отпор, дури и ако нашата судбина е целосно уништување, ајде да не се однесуваме како тоа да е праведно!” (Оберман, писмо 90). Среќна Нова 2015 година!

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дрон синоќа го блокира авио сообраќајот над главниот германски град

November 1, 2025

Израел ги врати телата на 30 Палестинци, Хамас предаде неидентификувани останки на три лица

November 1, 2025

Украина ѝ предаде на Литванија заробен Русин за да му се суди за воени злосторства

October 31, 2025

Литванија привремено го затвори воздушниот простор над главниот град поради балони

October 31, 2025

Летонскиот парламент ја повлекува земјата од Истанбулската конвенција документ за спречување и борба против насилството врз жените

October 31, 2025
ФОКУС

Нови Сад: Денеска комеморативен собир по повод годишнината од падот на настрешницата на железничката станица

ВЕСТИ November 1, 2025

Во Нови Сад, денес ќе се одржи комеморативен собир по повод годишнината од падот на…

Почнува гласањето во вториот круг од локалните избори, се изјаснуваат болните и затворениците од 32 општини и Градот Скопје

November 1, 2025

Пекинг до САД: Кинеското повторно обединување со Тајван е незапирливо

October 31, 2025

Српските студенти маршираат кон Нови Сад – утре една година од трагедијата

October 31, 2025
ТИКЕР

Дрон синоќа го блокира авио сообраќајот над главниот германски град

November 1, 2025

Израел ги врати телата на 30 Палестинци, Хамас предаде неидентификувани останки на три лица

November 1, 2025

Украина ѝ предаде на Литванија заробен Русин за да му се суди за воени злосторства

October 31, 2025

Литванија привремено го затвори воздушниот простор над главниот град поради балони

October 31, 2025

Летонскиот парламент ја повлекува земјата од Истанбулската конвенција документ за спречување и борба против насилството врз жените

October 31, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.