За случајот е информирано Обвинителството на БиХ, а истрагата на пистата на сараевскиот аеродром е во тек.
Авионот на „Кроација ерлајнс“ кој синоќа слета на пистата на меѓународниот аеродром во Сараево од Загреб има штета за која се претпоставува дека е предизвикана од огнено оружје, дознава „Кликс.ба“.
Пилотот кој управувал со авионот по пристигнувањето на сараевската писта пријавил оштетување на трупот на авионот, а според првите неофицијални информации штетата настанала од истрели од огнено оружје.
За случајот е информирано Обвинителството на БиХ, а истрагата на пистата на сараевскиот аеродром е во тек.