Вооружени лица денеска на пладне извршија обид за кражба во „Уни банка“ во близина на трговскиот центар Беверли Хилс во скопската населба Капиштец.
Од Министерството за внатрешни работи за Нова ТВ велат дека на местото на настанот едно од лицата испукало еден куршум.
– На 08.03.2022 во 12.35 часот во Полициска станица Центар било пријавено дека од експозитура на банка на подрачје на Центар три лица со закана со оружје од вработените одземале пари, по што во близина на местото на настанот едно од лицата испукало еден куршум. Повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР, за Нова ТВ.