Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пула: 12-та меѓународна тркалезна маса „Македонските судбоносни и идентитетски премрежја“

0
By Zoran Ivanov on October 19, 2025 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

 

„Македонските судбоносни и идентитетски премрежја“ беше темата на 12. Меѓународна тркалезна маса што се одржуваше на 17 и 18 октомври во Пула. Учествуваа академик Љуpчо Коцарев, директорката на Македонскиот културен центар во Загреб Мими Ѓоргоска-Илиевска, историчарите Драгица Поповска, Теон Џинго и Ицо Најдовски-Перин, лингвистот Елка Јачева-Улчар, писателот и публицист Кочо Топузоски, директорот на Македонскиот културен центар во Истанбул, Диме Ратајкоски и публицистот и продуцент Никола Ристевски.

Манифестацијата почна вчера во Градската библиотека и читалница во Пула со настап на пејачката група „Деспина“, по што следуваше првата сесија од тркалезната маса. Академик Коцарев зборуваше „За колективната траума на Македонците“, професорката Јачева-Улчар се осврна на „Сто години од првото политичко меѓународно признавање на македонскиот јазик“, темата на професорката Поповска беше „Оперското творештво на Кирил Македонски“, додека историчарот Најдовски-Перин зборуваше за „Македонската православна црква во дијаспората“. Потоа беа претставени новите македонски книги:  „Слова за македонскиот непокор“ од Љупчо Коцарев, како и „Речник на топонимите од Воденско“ од Елка Јачева-Улчар, Мери Јосифовска, Весна Миовска.

Денеска се одржа втората сесија на која Топузоски зборуваше за „Предавството како македонска судбина – кон 120-годишнината од загинувањето на претседателот на Крушевската Република – Никола Карев“, по него Ратајкоски се осврна на „Револуција во кадар: фотографијата во македонското револуционерно движење“, темата на Џинго беше „ ВМРО (Обединета) – Еквилибриум помеѓу македонскиот
националиzам и советскиот болшевизам“, Ристевски зборуваше за „Туристичкиот потенцијал на Македонија. Туризмот како силна алатка за економски развој и промоција на македонскиот идентитет“, а Ѓоргоска-Илиевска за „Читајќи ги знаците во животот и делото на Илинка/Илинденка Петрушевска (1944-2025)“.

Завчера попладнето во црквата „Св. Фрањо“ во Пула беше отворена изложбата на уметнички фотографии „Крстовите од Македонија“, по повод 50-годишнината од творештвото на македонскиот фотограф Милан Џинго, додека во Советот на македонското национално малцинство на Град Пула беше отворена изложбата „Лицата на револуцијата“ ВМРО низ фотографии 1893-1934, чии автори се Диме Ратајкоски и Душко Апостолоски. Посетителите имаат можност да видат документарни фотографии на македонски револуционери, јавни дејци и на нивните семејства од крајот на XIX и почетокот на XX век.

Одржувањето на тркалезната маса финансиски го овозможија Советот за национални малцинства при Владата на Република Хрватска, Истарската жупанија, Управен отсек за италијанската национална автохтона заедница, национални малцинства и млади и Градот Пула, Управен отсек за култура. Коорганизатори се Македонски културен форум – Пула, Македонската православна црковна општина „Свети Јоаким Осоговски“ – Пула, Совет на македонското национално малцинство на Град Пула, Градска библиотека и читалница Пула.

 

историски македонски премрежија Пула
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

ВЕСТИ November 8, 2025

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за…

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.