Претседателот на Српското национално малцинство во Хрватска, Милорад Пуповац вели во Хрватска се води кампања против ќирилицата а со тоа и против Србите, потенцирајќи дека се работи за едно загрижувачко движење.
Според него не загрижува само фактот што со тоа ќе се спречи и спроведувањето на законот, туку истовремено се негира едно писмо од словенската писменост кое не било потиснато дури ни за време на војната.
– Тоа создава лоши односи не само за Србите во Хрватска, за нивната слобода и чувството на припадност, туку и за влошени односи помеѓу двете земји, истакна Пуповац.
Тој напомена дека постои проблем за Србите и при вработувањето во Хрватска, нагласувајќи дека иако државата има обврска, сепак тешко вработува припадници на српското малцинство во јавните служби.
– До крајот на преговорите со ЕУ и членството на Хрватска, оваа положба напредуваше, се подобруваше. Со членството на Хрватска во ЕУ, за жал процесот е стопиран, заклучува претставникот на српското малцинство.