НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пуштена во употреба „глувата соба“ во Собрание, дизајнирана со највисоко ниво на заштита за строго доверливи документи

0
By Marija Todorovska on October 21, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Собранието денеска беше пуштена во употреба заштитена соба, прва од ваков вид во Северна Македонија,  дизајнирана со највисоко ниво на заштита за строго доверливи документи. Просторијата првенствено ќе ја користи Собранието и Комисиите кои работат со класифицирани информации, но во исто време таа ќе може да се отстапи за користење на останатите државни органи доколку имаат потреба за тоа и со одобрување на Собранието.

Просторијата, како што истакна претседателот на Собранието Африм Гаши, ги исполнува сите стандарди за аудио и антирадијација и е опремен да гарантира безбедност на класифицирани информации, придржувајќи се до највисоките TEMPEST стандарди за заштита од радијација..

Гаши на денешната промоција истакна дека официјално Собранието добива „Заштитена соба”, која е дел од широк повеќегодишен проект што го финансираат Велика Британија, Шведска, Швајцарија, ЕУ и Холандија, а импелементатор е ДИКАФ.

– Заштитена, тивка или глува соба – се некои од имињата кои ја означуваат оваа просторија изградена на начин што во неа или од неа не продираат електромагнетни бранови, рече Гаши.

Потсети дека уште во 2017 година пратениците и од власта и од опозицијата се договорија дека ваква соба е повеќе од потребно да се изгради во Собранието, како дел од пакетот мерки за подобар надзор над тајните служби.

– Заштитената соба ја унапредува надзорната улога на Собранието, на која сме особено фокусирани од почетокот на нашиот мандат. Заштитена соба не е сувопарно барање кое произлегува од Меморандумот за разбирање со ДИКАФ; таа е барање на НАТО. Оттука, процесот за нејзина изградба, набавка на опрема и операционализирање беа особено комплексни. Ми претставува особено задоволство да подвлечам дека моите претходници, пратениците од предходните парламентарни состави, заедно со службите и партнерите истрааја во заложбата да се изгради оваа Соба според највисоките НАТО стандарди, со почитување на особено комплицирана тендерска постапка и примена на стандарди кои се во согласност со стандардите на НАТО, рече претседателот на Собранието.

Заштитената просторија и заштитениот работен простор се дизајнирани да ги задоволат строгите безбедносни барања поставени од НАТО и од Европската Унија, што вклучува интегрирање на технолошки заштитни мерки, а физичкиот простор е изграден од материјали кои спречуваат неовластено следење и прислушување, обезбедувајќи комуникациите да останат доверливи и заштитени од надворешни закани. Проектот ги вклучува најдобрите практики на управување  со безбедносниот сектор и обезбедува приспособливост на идниот напредок во надзорот над безбедноста и разузнавањето.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски истакна дека со изградбата и пуштењето во употреба на Заштитената соба се заокружува скоро седумгодишен труд, напор и заложби да се зајакнат капацитетите на Собранието за вршење на парламентарниот надзор врз безбедносните служби.

– Со изградбата на Заштитената соба се создаде безбедна средина и заштитен работен простор каде што ќе се ракува со класифицирани информации со најголем степен на доверливост, без ризик од протекување информации или неовластен пристап, рече Мицевски.

Евроатлантската интеграција на нашата земја, според него, подразбира и темелни реформи во безбедносно разузнавачкиот сектор во институциите кои вршат надзор и контрола, што подразбира и зајакнување на капацитетите за надзор на Собранието.

-Изградбата на собата треба да создаде услови за остварување на ефективен парламентарен надзор над безбедносните служби, вели тој.

Согласно Законот за класифицирани информации донесен 2019 година како дел од пакетот реформски закони, Собранието со изградбата на ваква соба ги превзема највисоки мерки и активности за административна, физичка и индустриска безбедност, безбедност на комуникациско – информациските системи, како и безбедност на лицата – корисници на класифицирани информации.

Оливер Спасовски, координатор на пратеничката група на СДСМ и поранешен министер за внатрешни работи истакна дека со овој проект се зајакна сериозно капацитетот на Собранието, не само од безбедносен аспект, туку се создаде аспект кој значително ќе ја подобри парламентарната контрола на безбедносните служби и на процесот на следење на комуникациите.

– Покажавме дека членството во НАТО знае да не мотивира, дооополнително преку јакнење на капацитетите знаеме да бидеме добри и релевантни фактори. Ова е процес кој допринесе заеднички да покажеме дека за нас важно е колку повеќе ќе ги градиме демократски институциите во државата и на тој начин ќе обезбедиме простор и можност за зачувување на човековите слободи и права, истакна Спасовски.

На настанот зборуваа и швајцарската амбасадорка Вероник Улман, претседателот на Комисија за надзор над службите за безбедност и разузнавање, Собрание на Република Словенија Јанез Жакељ, директорот ДЦАФ – Љубљана Андреј Рупник и директорот на Дирекција за безбедност на класифицирани информации Стојан Славески.

Швајцарската амбасадорка Улман истакна дека во Собранието ќе може да се работи со највисоко ниво на безбедност, но дека клучно за реализација на „глувата соба“ било кофинансирањето на земјите и ДЦАФ.

Жакељ истакна дека парламенарниот надзор е најважен и оти е клучна неговата улога за безбедноста, но дека сепак овие служби треба да ги заштитат правата на граѓаните.

Според него, работата на безбедносните служби е во тајност и затоа треба да се направи овој надзор. Словенечкиот претставник вели дека потребни се добро дефинирани мерки за заштита, како и дека силната законодавна рамка ќе спречи злоупотреба.

За реализација на т.н „глува соба“ во Собранието имаше шест јавни повици. Повеќето не беа успешни поради, како што објаснуваше, поранешниот прв човек на Собранието Талат Џафери поради несоодветни понуди.

Последниот јавен повик беше успешен и заштитената соба почна со изградба, според информациите од ДЦАФ, во јули 2023 година.

глува соба Доверливи информации Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.