Плоштадот кај црквата Св Димитрија е речиси пред крај. Денес надлежните ги пуштија двете фонтани, едната кај споменикот на четирите Олимпии и другата кај споменикот на Филип втори.
Се тестираше и музиката, која според она што го забележа камерата на НОВА ќе се слуша само од споменикот на Филип.
Во такт со фонтаната, тонските мајстори ги синхорнизираа звуците на класична музика.