Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пустец повторно гласа во Центар

0
By Сашка Цветковска on April 21, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Пустец повторно во Центар. Жителите од малото албанско село од Мала Преспа попладнево масовно почнаа да пристигаат во Центар на гласачките места каде се регистрирани во избирачкиот систем. Како на пример ова семејство овде.

Членови на изборната комисија внимателно ги гледаа личните карти и се интересираа кога се издадени. Личните карти на овие луѓе се издадени на 31 Јануари. Родното место според податоците од нив им е Албанија, а адресата Димитрие Чуповски, една од веќе популарните улици од вториот изборен круг со десетици регистрирани жители или новопечени граѓани на општина Центар од Пустец.

Млади луѓе ги чекаа гласачите надвор и ги спроведуваа до местата каде требаше да ги соберат возилата кои ги разнесуваа на гласање. Бегајќи од новинарите, луѓето се вртеа во круг низ центарот на градот. А потоа автомобил набрзина ги собра и заминаа.

Третиот изборен круг наликува на вториот. Тензично и со расправии помеѓу членовите на
комисијата поради новите гласачи од Пустец беше слика во речиси сите избирачки места.

Аферата со жителите од Пустец регистрирани на адреси во Скопје во станови претежно во државна сопственост отвори многу прашања – кој ги издал личните карти, како општествените станови станале нивни места на живеење и зошто сите речиси во ист ден добиваат лични карти и се регистрираат во гласачките списоци – прашања со кои досега ниту една институција не се позанимава.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.