Со оглед на напорите на рускиот претседател да ги стопира воените дејствија во Сирија, пратениците во Дума и јавните личности покренаа иницијатива да го кандидираат за Нобелова награда за мир. Владимир Путин е „повеќе достоен“ за наградата, отколку американскиот претседател Обама „кој подржуваше агресивни дејствија на САД“, изјави пратеникот Јосиф Кобзон, пренесува „РИА Новости“.
Координаторот на Меѓународното движење за заштита на правата на народот, Беслан Кобахија оценува дека Путин е „без сомнение личност на 2013 година“, и напомена дека не верува дека рускиот претседател ќе го коментира овој предлог „поради неговата скромност“.
Комитетот за доделување на Нобеловата награда сеуште не коментираат по овој предлог, исткнувајќи дека „имињата на кандидатите се држат во тајност“.
Портпаролот на Владимир Путин, Дмитриј Песков изјави дека доколку рускиот претседател треба да го добие признанието за мирниот излез од сиријската криза, тогаш треба да се сочекаат и конкретните резултати.