Рускиот претседател Владимир Путин пристигна во Сочи во вторник откако црноморскиот туристички град влегува во финална фаза на подготовки за домаќин на Зимските олимписки игри.
Но, загриженоста за безбедноста што фрли сенка врз Игрите се зголемува, кога два австриски натпреварувачи добија закана.
Волфганг Ајшер, портпарол на Олимпискиот комитет на Австрија, изјави за Си-Ен-Ен дека добиле писмо, напишано на германски, заканувајќи се на две жени членови на тимот на Зимскиот олимписки тим. Тој не потврди дали писмото е пратено во Русија.
“Ова анонимно писмо содржи конкретни информации за тоа дека две лица се во опасност во однос на Сочи и други детали не се јавни”, изјави портпаролот на МВР, Карл-Хајнц Грунддбек.
Не е познато кој ги направил овие закани, иако исламистички милитанти предупредија на напади за да ги поткопаат надежите на Путин да ги искористи Игрите за да се покаже дека Русија е безбедна, модерна држава.
Рускиот претседател пристигна во Сочи на “работна посета”, според државната новинска агенција РИА Новости, пред само три дена кога Игрите ќе бидат отворени.
Центарот за рехабилитација на леопарди беше првата станица на распоред на Путин.
Животните во центарот, кој беше отворен пред скоро четири години, се под лична заштита на претседателот, објавија државните медиуми. Еден од нив е 6-месеци старо леопард маче наречено Гром.