Рускиот претседател Владимир Путин ги повика земјите во украинскиот конфликт да обезбедат услови за целосна истрага за соборувањето на Малeзискиот авион, соопшти ИТАР-ТАСС.
-Можеме да кажеме со сигурност дека ако на 28 јуни не беа обновени борбите во источниот дел на Украина, тогаш и оваа трагедија сигурно немаше да се случи, изјави Путин.
-Во исто време никој не треба и нема право да ја користи оваа трагедија за постигнување корист во политички цели, додаде тој.
Вчера Путинја кажа истата забелешка во разговори со премиерите на Австралија и Велика Британија Тони Абот и Дејвид Камерон, велејќи дека до завршување на истрагата треба да се избегнуваат политизирани изјави.
-Мора да се направи сé за да се осигура безбедноста на работата на меѓународните експерти на местото на трагедијата. Денес таму веќе работат претставници на Донбас, Донецк, претставници на украинското Министерство за вонредни ситуации и експерти од Малезија. Но, тоа е недоволно, додаде Путин.
На местото на несреќата треба да работи „група од експерти под покровителство на Меѓународната организација за цивилна авијација и соодветната меѓународна комисија“, изјави рускиот претседател.

