Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Quo vadis, Крсто Мукоски?

0
By Биљана Секуловска on May 25, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Просечноста не уништува, напротив, таа ослободува. Исфрла од употреба се што може да наликува на добар почеток и пристоен крај, брише секаква надеж за некаков напор за разум.

Затоа и се читаат само насловите низ медиумите, или понатаму, на вредност испливуваат бурлескно прикажаните ситуации, особено политичките, народните анегдотални преданија од вековите наназад се претвораат во новинарски жанр, инвенција на медиумската сцена која ја мери високо само површноста и нискиот вкус.

Ако просечноста ја храните со децении, таа ви се наталожува насекаде, ве затрупува. Огорчени на медиокритетското водење на државата, ги тормозиме потпросечните кои ги окупирале функциите, и не само политичките, но нивното место е токму во оваа земја, меѓу нас, инаку, кој би сакал да ги пригрли и да ги има, макар под свој надзор?

Затоа, не е случаен влезот на велико-пратеникот Крсте Мукоски пред ватиканските порти, благословот кој го прима од папата, воопшто, ингениозната идеја и тој да биде дел од делегацијата на чествување на Св.Кирил и Методиј.

Што претставува таа делегација воопшто сега и не е важно, мавнале со рака сите што го виделе набрзина списокот, или дознале за него предоцна.

Затоа што, она што треба да не замисли сите нас, а особено политичките лидери е сосема нешто друго: зошто се идентификуваме со идеалите на творците на писменоста, кои се границите кои можеме да ги надминеме, да ги срушиме, да им се потсмееме?

Секогаш со жалење го читам Мил, неговиот напор да ја објасни важноста од блескавите умови, оние генијалните, како вели тој, со кои мора да биде опкружен еден владетел и воедно, тој смета и дека мора една земја да ја сфати неопходноста од нив: “да се покаже дека тие развиени човечки суштества претставуваат некоја корист за неразвиените човечки суштества”.

Наспроти тоа, ова е земја во која само се мери, разгледува и навива за користа која ја имаме сите ние од неразвиените суштества, со кои сме опкружени.

Затоа на Заев треба да му ја покаже онаа друга слика, за која Џон Стјуарт Мил говори, за она “мало малцинство без кое не може да опстане едно општество, за луѓето кои откриваат нови вистини, кои покажуваат дека не е вистинито она што еднаш било вистина, оние кои служат како образец во општеството за попросветено однесување, за подобар вкус и сфаќање на човечкиот живот”. Оние развиени суштества само така можат да стигнат до генијалноста, тогаш ако го дочита до крај тој ред на зборови, ќе го сретне мислењето на Мил- дека треба “таа почва да се чува, врз која тие растат”.

Веројатно не ни преостанува само плачливата тага со која констатираме дека Мукоски е човекот кој во оваа земја се чува од власта за да расте, додека останатите одамна “ги скршиле прангите и затоа станале обележани во општеството”, како што предупредува Мил. Најдобро е да не се читаат понатаму неговите страници, затоа што само така може да се има совршено лесен, мирен живот, кој поминува низ измаглица, олеснувачко уживање, кое само тука може да биде на цена.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.