Румен Радев му го врачи мандатот за формирање влада на Росен Жељазков – кандидатот за премиер, именуван од ГЕРБ-СДС.
„Господине Жељазков, вие добро знаете дека со прифаќањето на овој мандат преземате и голема одговорност. Бугарите предолго чекаа излез од политичката криза и редовна влада. Затоа и дадов повеќе време на вашата партија и вашите потенцијални партнери да ги разгледаат можните опции и да изнајдат работна формула“, рече Радев.
Жељазков најави дека во рок од еден месец ГЕРБ пред мнозинството ќе претстави владина и законодавна програма.