Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Радев: Впишувањето на Бугарите во македонскиот Устав да биде услов за почеток на преговори со ЕУ

0
By НОВА ТВ Mitreska on February 22, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Фото: balkaninsight.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Бугарскиот претседател Румен Радев бара Бугарите да се внесат во македонскиот Устав пред почетокот на преговорите на земјава со ЕУ, како и почитување и заштита на бугарското културно-историско наследство и искоренување на јазикот на омраза во Македонија.

На денешната средба со претставници на здруженија и организации на македонските Бугари, Радев порачал дека во ред се активностите за продлабочување на меѓусебните односи, но треба да има јасен календарски патоказ за решавање на отворените прашања.

„Се залагам за јасни гаранции. Сметам дека впишувањето на македонските Бугари во Уставот треба да биде задолжителен услов за почеток на преговорите. Пред да ја отвориме вратата треба да има јасен и одржлив процес на искоренување на јазикот на омраза“, изјавил Радев.

Тој тврди дека тоа во никој случај не е мешање од страна на Бугарија во внатрешните работи на Северна Македонија, туку, повеќе е „загриженост и поддршка за нејзиниот одржлив пат кон членството во ЕУ“.

Оваа позиција бугарскиот претседател, како што изјавил ја кажува и пред двете влади и пред европските институции и се залага за правата на македонските Бугари пред сите европски лидери.

Претседателот на Граѓанската демократска унија (ГДУ), Петар Колев забележал дека изјавите и дејствата на Радев покажуваат оти во Бугарија има современи политичари кои целосно ги разбираат нивните надежи и стремежи.

„А тие не се толку тешки за разбирање. Ние сакаме во нашата држава нашите деца слободно да можат да се определат како Бугари. Сакаме во нашата татковина РС Македонија да учествуваме рамноправно и интегрирано во нејзиниот политички, економски, културен и општествен живот. Сакаме јасно да биде заштитено бугарското културно и историско наследство во РС Македонија, бидејќи секојдневно со сопствени очи гледаме како тоа се руши“, изјавил Колев.

Тој додал дека бараат да се направат промени во образовниот процес за да се расветлела историската вистина за, како што вели, нашите заеднички предци.

„Никој од нас повеќе не може да трпи децата да ни се враќаат од училиште вознемирени зашто Бугарите таму се нарекуваат фашисти, окупатори и татари кои биле најголемиот непријател во нашата држава РС Македонија. Тој јазик на омраза не може да се трпи ниту од нас, ниту од целиот цивилизиран свет“, се жалел Колев, додавајќи дека не сакале повеќе да бидат третирано како граѓани од втор ред.

По средбата со Радев, 11-те претставници на македонските Бугари денеска попладне ќе одат на разговори во Владата, а утре и во бугарското Народно собрание.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.