Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Радоста на режимот

0
By Нова ТВ on September 7, 2016 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Автор: Стево Пендаровски, универзитетски професор

Неочекувано, по тензичниот британски референдум,ниту победниците во Лондон брзаат со разводот, ниту, пак, други членки градат мнозинство со слични намери. Најновиот израз и на двете страни од британската поделба зборува за “конструктивен излез”, а, Брисел наводно нуди статус на асоцијативен партнер, што содржински е над статусот на земја – кандидат.

Оваа есен,  на картата  на  континентот нема место каде што задоволството од заминувањето на империјата се уште трае, освен во Скопје, каде што навистина веруваат дека МИ6 и Сорос го рушат режимот. “Големите” аналитичарии, локални конспиролози сигурно нема да веруваат дека Тренин, најголемиот руски стратег, смета дека Брегзит нема апсолутно никакво значење за руско-европските односи затоа што за Москва се есенцијални односите со Германија.Тогаш, што прават тн.  сигурни кандидати во наводно долгиот ред за сопствени референдуми?

Кај шампионите по анти-европејство главна политичка тема не е Грегзит и бунтот против Брисел каде што е сместена вистинската грчка влада, туку германските репарации кои според нивните пресметки изнесуваат точно колку нивниот долг. Дека сакаат, ама не можат, покажува најновиот грчки парадокс според кој огромен процент од народот најмалку сака две работи:германскиот канцелар, но и враќање на драхмата.

Италија веќе закажа референдум за октомври, но не за излегување од ЕУ, туку за темелни промени на политичкиот систем кои треба да го стабилизираат за да не произведува нова влада секоја година. Се разбира, никој не размислува за напуштање на европското друштво најмалку заради две работи: со долгот од 130% во однос на БНП сметката за ручекот не можат сами да ја платат, второ, без европска асистенцијаза бегалците и на вода и со пари,Италија преку Лампедуза ќе добие нова демографска структура за помалку од една деценија.

За следниот месец и Унгарија закажа референдум, се разбира,  не за излегување од ЕУ, туку за мигрантските квоти кои се единствената тема која ја држи високо популарноста на Орбан. Во некогаш мирната Скандинавија (без Норвешка) крајната десница е во поголем налет отколку на континентот, но, анти-ЕУ сентиментот не надминува петтина од електоратот. Данска има најригорозни анти-мигрантски закони од сите, но, не бара излез од ЕУ затоа што разбудената  Русија е многу близу, а, бегалците им доаѓаат и преку  Арктичкиот круг.

Најсериозната европска кавга денес тече помеѓу Брисел и Варшава, каде што првите критикуваат за авторитарниот стил, а, вторите за “мешање во внатрешните работи”. Но, ниту на Качињски не му паѓа на памет да организира референдум за напуштање на Европа, затоа што за разлика од Македонија, во Полска владеачката партија е про-западна, а опозицијата про-руска. Освен тоа, да кажете дека оддржлива алтернатива на Брисел е Москва претставува навреда за граѓаните на Полска кои го паметат масакрот на својата интелигенција кај Катињската шума.

Последната шега на Марин Ле Пен дека ако стане Претседател ќе организира референдум за излегување на Републиката од ЕУ е наследство од татко и , европскиот Трамп кој ги забавуваше масите три децении пред оригиналот. Дури и со најновите 28% поддршка таа може да влезе во вториот круг, но не може да победи затоа што тогаш сите ќе се обединат против кандидатот на партијата која подигна руски кредит за кампања од 9 милиони долари.

Конечно, главата на европскиот мотор не може да ја“зариба” ниту подемот на првата сериозна анти-европска политичка сила во историјата на повоена Германија, Алтернатива за Германија, која и со оптимистичките 20% на федерално ниво не може да ја добие ЦДУ, дури и без Меркел.

Досега кажаното не значи дека Европјаните остануваат на бродот затоа што е без маани. Јасно е дека ЕУ се наоѓа пред стратешки предизвик, не помалку важен од воведувањето на еврото. Императивот за реформирањее апсолутен предусловза атрактивноста на целиот проект и малкумина можат да се заколнат дека сегашната генерација политичари, беа визија, ќе сакаат да ја ограничат  силата на бриселската бирократија. Меѓутоа, да фрлиме поглед, дали, во меѓувреме, забележаа прогрес нашите “омилени” алтернативи на ЕУ?

Московскиот Карнеги центар проценува дека Евроазиската унија никогаш нема да изгради наднационални институции со политичка компонента и ќе остане исклучиво во сферата на економската соработка.

Калкулациите се дека интегрирањето на бившите советски републики ќе чини многу, а нема гаранции дека ќе останат лојални кон Москва на долг рок. Што се однесува до легендарниот Брикс, лично, авторите на (привремената) референца, Голдман Сакс официјално објавија дека неговата ера заврши.

Има ли логично образложение на ваквите трендови? Еден од можните одговори е во анкетите на Галуп кои ја мерат довербата на луѓето во работата на државните раководства. На планетарно ниво, анти-американизмот, од година во година, бележи негативен раст, но, довербата кон руското раководство е дури два и  пол пати пониска и со 22% е на историски минимум. Од топ десетте држави со најнегативно мислење за раководството во Кремљ, девет се во Европа. Македонија не отстапува многу од европскиот просек само затоа што не го анкетирале државното раководство.

 

Колумната на Пендаровски е напишана за НОВА.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“: Или одговори или радикализација

ВЕСТИ September 27, 2025

Родителите на починатите во мартовскиот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска по 24 –…

The Times of Israel:  Планот на Трамп за Газа – Израел ќе ја повлече војската и Палестинците нема да бидат раселени

September 27, 2025

СБ: Македонија, Косово и Молдавија со најголем пад на населението

September 26, 2025

Од утре, 26-ти септември 2025 казни за мобилен на пешачки

September 25, 2025
ТИКЕР

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.