Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Радован Илиоски: Уличниот музичар не е просјак, туку талентот не му e вреднуван

0
By Нова ТВ on August 9, 2014 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Веднаш штом ги поминете скалите во градскиот трговски центар во Скопје ве пречекуваат звуците од хармониката на Радован Илиоски. Ова утро го затековме како свири виенски валцер, длабоко замислен покрај куферот кој пред неговите нозе зјаеше полупразен со ситни парички и банкноти од десет денари.

Музичарот – самоук кој е познат по прекарот Рашо, во зима, во лето, со автобус или автостоп секој ден ја минува релацијата Куманово – Скопје за да заработи парче леб. Заедно со хармониката која е постара од него и со искуство од мали нозе,вели дека се бори за секој денар што го добива, сè дури обезбедувањето од трговскиот не го исфрли, бидејќи нема добиено дозвола да свири на тие простори.

-Често обезбедувањето ме брка бидејќи немам дозвола од Град Скопје како останатите музичари што свират. Некогаш кога ќе ме слушнат знаат и да се смилуваат и самите ми велат „како можеле Рашо тебе да те одбијат“.Тие не знаат дека кај нас никој за талент не те прашува, а ти судат според несфатливи размислувања, вели Радослав.

Илиоски пред година ипол се пријавил на аудицијата за улични музичари, на која кандидатите требало да свират по зададени ноти од шест члена комисија. Избраните учесници склучувале договор со Град Скопје за месечен надомест со цел културно- забавно да ги анимираат граѓаните на Скопје на десет локации во централното градско подрачје. Ваквата шанса, без образложение на човекот кој четири децении свири му е одземена.

-Јас бев и на аудицијата во Универзална сала кога комисијата ги избираше музичарите. Свирев валцери, староградска музика и народно. Но, очигледно не сум бил по мерак на Комисијата, која не ме ни дослуша додека свирев, а по неколку дена само ме известија дека не сум примен, раскажуваше Радослав.

-Не знам зошто сум одбиен, можеби е поради годините, можно е поради што немам факултетско знаење, но половина естрада не е музички образована па пак си живее од музика. Кога почнав да зборам за ова, ми рекоа од Комисијата дека премногу прашувам, додава Радован.

Занаетот кој му носи леб, Рашо го наследил од својот татко. Во текот на животот патувал во многу места во Европа. Вели дека односот во другите земји,не може да се спореди со ова што му се случува Македонија.

-Имам свирено во многу земји, дури во Белград успеав за една песна да добијам бакшиш од 200 евра. Тука ме боде секој поглед на минувачите, кои за да се ослободат од ситните 2-3 денари во џеб ги фрлаат во кутијата пред моите нозе, без да ме слушнат, ниту погледнат. Чест на исклучоци, меѓутоа јас не сум просјак, туку сакам со труд да заработам некој денар,но џабе е…талентот никој не ти го вреднува, а за да се работи во странство пари треба да имаш прво за да заминеш, вели Радован.

И покрај ситната заработувачка тој вели дека не може да замисли да се занимава со нешто друго освен со музика.

-За доаѓање се снаоѓам, ама се молам да извадам пари барем за картата да не се мачам. Јас сум задоен со музиката, свирам од својата четврта година на мала хармоника. Пред неколку години целата заштеда што сум ја имал ја дадов за нова, оти ми е мерак, ми е љубов голема, но нема да ја користам сè дури ме држи старата. И онака на минувачите сеедно им е што свирам, ретко кој ме слуша, разочарано зборуваше Радован.

-Јас би сакал да им порачам на надлежните да не ме спречуваат да си го работам она што знам и умеам, ако не ми помагаат, барем нека не ми одмагаат. Со овие зборови Радован нè испрати, а неговите чувства искажани преку старата хармоника одекнуваа и надвор од скопскиот трговски центар.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025
ФОКУС

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

ВЕСТИ October 30, 2025

Управниот одбор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје денеска упати „итна ургенција“ до градоначалничката…

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025
ТИКЕР

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.