Шпанскиот тенисер Рафаел Надал денес го презема првото место на АТП листата од Новак Џоковиќ, кој за прв пат од јули 2011 година го препушта првото место на некои од ривалите.
Надал вчера загуби од српскиот тенисер Џоковиќ во финалето на турнирот во Пекинг, но не ги бранеше бодовите во главниот град на Кина, и затоа преминува на првата позиција.
Сега, предноста на Шпанецот Надал во однос на Ноле изнесува 40 бода.
1. (2) Рафаел Надал (Шпанија) 11.160 бода
2. (1) Новак Џоковиќ (Србија) 11.120
3. (3) Енди Мареј (В. Британија) 6.895
4. (4) Давид Ферер (Шпанија) 6.710
5. (7) Хуан Мартин дел Потро (Аргентина) 4.925
6. (5) Томаш Бердих (Чешка) 4.610
7. (6) Роџер Федерер (Швајцарија) 4.515
8. (9) Станислас Вавринка (Швајцарија) 3.150
9. (8) Жо-Вилфред Цонга (Франција) 3.115
10. (10) Ричард Гаске (Франција) 3.095