Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Раиси и Путин разговараа за соработката меѓу Иран и Русија

0
By НОВА ТВ on November 16, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Иранскиот претседател Ебрахим Раиси денеска изјави дека Исламската Република е одлучна во врска со претстојните нуклеарни преговори во Виена на кои сака да ги обезбеди правата на своите граѓани со тоа што ќе осигура укинување на санкциите против земјата.

Тоа го изјавил во телефонски разговор со рускиот колега Владимир Путин, пренесува Фена, повикувајќи се на агенцијата ИРНА.

Истакнувајќи ја решеноста на Иран да ги прошири трговските и економските односи со Русија, Раиси рекол дека Техеран е подготвен да го финализира сеопфатниот договор за соработка меѓу двете земји.

Тој додал дека Техеран и Москва имаат многу заеднички точки на меѓународната сцена, вклучително и борбата против унилатерализмот и зајакнувањето на мултилатерализмот.

Раиси ја цени поддршката на Русија за иранските нуклеарни права и потребата од укинување на сите санкции кон Техеран. Тој, исто така, ја поздрави иницијативата на Русија за враќање на мирот и стабилноста во регионот на Кавказ.

Двете страни истакнаа дека нема да прифатат никаква промена на геополитиката во регионот.

Путин ја изрази поддршката на неговата земја за изработка на сеопфатен документ меѓу двете земји, нагласувајќи дека Москва е решена да го спроведе договорот што е можно поскоро.

Истакнувајќи дека Москва придава големо значење на подобрувањето на економските односи и финализирањето на заедничките инвестициски програми со Иран, Путин рече дека двете земји се обидуваат да го зголемат нивото на билатерална, регионална и меѓународна соработка.

Осврнувајќи се на соработката на двете земји во регионалните прашања, особено во Сирија, Путин рече дека „со заедничка работа успеале да ја зачуваат независноста на Сирија и да го уништат терористичкото жариште во земјата“.

– Се разбира, мора да продолжиме со нашата блиска соработка, особено во разни регионални области.

Рускиот претседател изрази поддршка за правата на иранскиот народ во однос на нуклеарното прашање и изрази надеж дека во идните преговори страните ќе имаат доволно политичка волја за излез од сегашната ситуација.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.