Сите шест држави што произлегоа од поранешна Југославија ќе учествуваат на наредното Европско првенство во ракомет во машка конкуренција што од 10 до 26 јануари догодина ќе се одржи во Австрија, во Шведска и во Норвешка. Пола од нив ќе одат на завршниот турнир како најдобри во своите квалификациски групи.
Меѓу нив и македонската репрезентација која беше првопласирана во групата 3. „Црвено-жолтите“ го потврдија врвот на табелата со победа над Грција во Струмица со 27:23 во последното коло за одмазда на шокантниот пораз во Кожани во второто коло.
Како први во своите групи завршија уште Хрватска во втората група во конкуренција на Швајцарија, Србија и Белгија и Словенија во четвртата група во која уште беа Летонија, Холандија и Естонија.
Црна Гора ќе патува на ЕП 2020 како второпласирана во осмата група по триумфот над Украина (27:21) во Подгорица, а селекциите на Србија и на БиХ ќе играат на шампионатот како две од четирите најдобри третопласирани во циклусот.
Квалификации за ЕП 2020 за ракомет (м)
Група 1
Германија – Косово 28:17
Полска – Израел 26:23
Табела: Германија 12, Полска 5, Израел 4, Косово 3.
Група 2
Хрватска – Белгија 28:19
Србија – Швајцарија 32:31
Табела: Хрватска 11, Швајцарија 6, Србија 6, Белгија 1.
Група 3
Македонија – Грција 27:23
Исланд – Турција 32:22
Табела: Македонија 9, Исланд 8, Турција 4, Грција 3.
Група 4
Словенија – Естонија 32:28
Холандија – Летонија 25:21
Табела: Словенија 10, Летонија 8, Холандија 6, Естонија 0.
Група 5
Чешка – БиХ 23:24
Белорусија – Финска 40:15
Табела: Чешка 8, Белорусија 8, БиХ 8, Финска 0.
Група 6
Франција – Романија 34:25
Португалија – Литванија 28:28
Табела: Франција 10, Португалија 9, Литванија 3, Романија 2.
Група 7
Унгарија – Италија 32:29
Русија – Словачка 30:20
Табела: Унгарија 11, Русија 9, Италија 4, Словачка 0.
Група 8
Данска – Фарски Острови 31:24
Црна Гора – Украина 27:21
Табела: Данска 10, Црна Гора 7, Украина 6, Фарски Острови 1.