Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Различни пораки и желби меѓу политичарите во Европа по Брегзит

0
By Нова ТВ on June 24, 2016 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Реакциите по референдумот во Велика Британија, на кој се одлучи напуштање на Европската унија се такви какви што се очекуваа. Евроскептиците го засилуваат прашањето за корисноста да се биде земја-членка, водечките лидери жалат, а има и такви кои гледаат да го искористат моментот.

Лидерот на италијанската партија чија реторика е анти-мигрантска, Матео Салвини, вели Европската унија (ЕУ) е “кафез со лудаци“ кој ги убива работните места и достоинството на граѓаните. Тој порача дека неговата партија ќе иницира ревидирање на ЕУ договорите кои се поврзани со еврото, трговијата и миграцијата.

Шпанија пак, ги повторува желбите во своите редови да го врати Гибралтар.

Министерот за надворешни работи, Хозе-Гарсија Маргало, смета дека неговата земја треба да го искористи Брегзит и да ја побара контролата. Како што вели Маргало, во моментот кога ЕУ и Велика Британија официјално ќе се разделат, ќе престанат да важат договорите, а неговата земја тогаш треба да притисне и да побара Гибралтар да се најде надвор од преговорите помеѓу ЕУ и Кралството и да стане билатерално прашање исклучиво со Мадрид.

Гибралтар, кој во рамките на Брегзит гласаше да се остане во ЕУ, во голема мера зависи од шпанското производство на добра и услуги.

Шпанија и го отстапи Гибралтар на Велика Британија во 1713 година но оттгаш наваму повеќе пати ја барала контролата во свои раце.

За полскиот претседател Андржеј Дуда, Британскиот Брегзит е “тажна вест“, и ЕУ мора направи се за да стопира евентуален домино ефект.

– Мора да направиме се за да избегнеме домино ефект, односно ситуација во која некоја друга членка на Унијата би побарала да не учествува повеќе во ЕУ, изјави Дуда во Краков.

Според него, потребни се анализи од европските лидери за тоа што ја натерало Британија да реши да гласа за излез.

Норвешкиот премиер Ерна Солберг изјави дека гласањето на Британците може да биде поттик за екстремистичките сили кои сакаат многу помала соработка во Европа.

Норвешка пак, земја која не е членка на Унијата, има потпишано договор со ЕУ за пристапност кон пазарот.

Официјален Берлин повикува на смиреност.

Германскиот министер за надворешни работи, Френк-Валтер Штајнмаер, смета дека ЕУ мора да избегне хистерија и шокираност од гласањето, и Европа да остане соединета.

Според него, никој се уште нема одговор на прашањата кои произлегуваат од Брегзит но дека треба да се настапи со трезвеност на сите проблеми.

Холандскиот министер за надворешни работи, Берт Кундерс предупредува пак од две краткорочни закани, односно, опасност од оние кои сакаат да ја разделат Европа и оние кои премногу сакаат да интегрираат земји во неа.

Миро Церар пак, премиерот на Словенија, смета дека со Брегзит, може само да се консолидира целиот блок. Според Церар, излегување на Велика Британија од ЕУ ќе донесе несигурност само на краткорочен план. Словенија, вели тој, останува целосно посветена на Европската унија.

Претседателот на Франција, Франсоа Оланд длабоко жали за гласањето, но вели, мора да има промени во ЕУ со цел да се продолжи на правиот пат.

Лидерката на екстремните десничари во Париз, Марин Ле Пен, соопшти дека анти-ЕУ движењата наскоро ќе се состанат за да одлучат по кој пат ќе се движат тие по Брегзит.

Според неа, само Националниот фронт била единствената политичка партија во Франција, која референдумот го сфатила сериозно, и потенцираше дека тие ќе се борат за сличен референдум во Франција.

Друг е ставот на Борис Џонсон пак, кој вели, ова е сјајна шанса за Британците да ја земат контролата во свои раце. Според него, Дејвид Камерон е неверојатен политичар и тажно е што најави оставка.

Се огласи и првиот човек на НАТО. Јенс Столтенберг, вели излегувањето на Велика Британија од ЕУ нема воопшто да влијае на нејзиниот статус во Алијансата.

– Британија ќе остане силен и посветен член на НАТО и ќе продолжи да дејствува со својата голема улога во Алијансата, изјави Столтенберг.

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан вели дека Брисел по ова мора сериозно да научи да ја слуша волјата на народот.

– Веруваме во силна Европа, но таа е силна само ако дава цврсти решенија….и во случај на миграцијата, вели тој, алудирајќи на постојаните апелирања од Будимпешта  за ЕУ да ги промени политиките кон масовната миграција и да не му допушта на исламот да влезе на голема врата во Европа.

Околу 300.000 Унгарци живеат во Обединетото кралство.

брегзит
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ до Израел: Прекинете ја офанзивата во Газа

September 16, 2025

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025
ФОКУС

Кочани: Шест месеци болка и тага – државата да престане да се крие зад сопствениците на објектот „Дискотека импровизција“

ВЕСТИ September 16, 2025

Првото обвинение се оценува веќе четири месеци во скопскиот Кривичен суд, со образложение дека станува…

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

September 16, 2025

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ЕУ до Израел: Прекинете ја офанзивата во Газа

September 16, 2025

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.