Златимир Иванов, кој важи за шеф на бугарското подземје е ранет во вооружена пресметка пред Палатата на правдата во Софија, каде што дошол да вложи жалба на пресудата со која е осуден на осум години затвор.
Бугарското национално радио БНР, објави дека во пресметката се ранети Иванов и неговиот телохранител.
Шефот на бугарското подземје завршил со повреди во нозете, рацете и стомакот.
Иванов бил уапсен во операција на бугарската Агенција за национална безбедност (ДАНС) на 7 февруари 2009 година.
Тој претходно бил командант на бугарските безбедносни сили, а по завршувањето на кариерата станал еден од најпознатите ликови на бугарското подземје.