Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Рашковски: Од ФЗОМ да не драматизираат, до вторник нови управни одбори

0
By Менче Атанасова Точи on July 13, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со разрешувањето на сите управни одбори од страна на Владата парализирана е работата на Управниот одбор на ФЗОМ, кој е надлежен орган за одлучување во втор степен по жалби за лекување во странство, обвинува актуелниот директор на Фондот за здравство Сашо Стефановски. Тој во писмото до министерот за здравство Арбен Таравари прашува кој ќе ја понесе одговорноста од ваквите одлуки со кои, како што вели, дека директно се загрозува здравјето на граѓаните.

„Колега Таравари, дали знаете, ако е точно тоа што го прочитавме во одредени медиуми, дека со одлука на Влада се разрешени сите членови на Управниот одбор на ФЗОМ? Доколку е тоа точно, тогаш Ве прашуваме, кој ќе ја понесе  одговорноста, зошто Вие и Владата ги разрешивте сите членови на Управниот Одбор на ФЗОМ, кој е надлежен орган за одлучување во втор степен по жалби за лекување во странство, со што ја парализирате институцијата во носење на одлуки и директно го загрозувате здравјето на осигурениците“, се вели во писмото од Сашо Стефановски до Таравари, упатено и до медиумите.

Писмото доаѓа како одговор на Таравари каде тој во изјава за порталот сдк.мк вели дека Стефановски не одел  на работа и го игнорирал Министерството за здравство.

„Еве конкретно се случува директорот на Фондот Стефановски да не оди на работа и ги игнорира сите институции и да не крева телефон на Министерство за здравсто. Ќе биде сменет многу скоро“, вели Таравари.

Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски за НОВА потврди дека до вторник ќе бидат избрани нови управни одбори секаде, па така и во Фондот за здравствено осигурување. Тој порача директорот на ФЗОМ да не прави непотребна драма околу сето тоа.

„До вторник ќе бидат назначени нови управни одбори, така ќе биде и во Фондот за здравство. Нека не драматизираат, ова е нормална процедура така што за неколку дена нема да се смени ништо“, изјави Рашковски за НОВА.

Владата пред три дена ги разреши сите управни и надѕорни одбори на јавните претпријатија, здравствените и другите државни установи и агенции. Како што беше соопштено, тоа било направено за да се спречат натамошните штети по буџетот поради неодговорниот однос на одделни членови на овие одбори. Имено, како што се наведува, постоеле информации дека тие потпишувале штетни менаџерски договори и именувале луѓе на менаџерски позиции со астрономски плати.

Инаку, директорот на ФЗОМ го бира Владата, но изборот се развлече и не се знае кој ќе застане на чело на здравствената каса. Таравари за НОВА најави дека до вторник ќе биде именуван и нов директор на ФЗОМ.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.