Генералниот секретар на НАТО, Андреас Фог Расмусен од Брисел порача дека НАТО е спремен да ја одигра својата улога како медијатор и да помогне да се реши спорот помеѓу Белград и Приштина, и верува дека договорот ќе биде постигнат многу брзо.
На денешната средба помеѓу српскиот премиер Ивица Дачиќ и косовскиот Тачи со посредништво на ЕУ се придружи и НАТО со цел да се постигне договор за нормализирање на врските меѓу Србија и Косово и решавање на статусот на српското малцинство на Косово.
По претходниот состанок во Брисел, српската делегација ги прифатила сите предлози на високиот претставник на Евроската унија, Кетрин Ештон, но приштинската делегација го одбила она што веќе било договорено.