МВР распиша меѓународна потерница за првоосмничениот Анџело Ѓорѓиевски, за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот, соошти Министерството за внатрешни работи.
Анџело Ѓорѓиевски роден на 13 јануари 1994 година во Скопје, каде и живее на улица број 9 број 5 во село Волково. Тој се бара по наредба број 1211/22 од 12 април на ОЈО Скопје, поради основано сомневање за сторено кривично дело убиство.
Тот беше претепан до смрт пред ноќен клуб, кој немал лиценца за работа. Ракометарот и девојката која крвнички го клоцаше по главата, се познавале од претходно. Меѓусебно недоразбирање најверојатно е причина за нападот кобната ноќ.
Меѓу нив имало расправија, потврди МВР и тоа најверојанто е поводот за нападот, во кој Тот ќе ги добие смртоносните повреди. Ниту еден од седумтемина сведоци, обезбедувањето во клубот и такси возачот, не пријавиле на 192.