Откако полицијата не успеала да го најде во неговиот дом на Водно и на други локации, за да му го врачи решението со кое мерките за препазливост во случајот за масовното прислушување „Таргет-Тврдина“ му се заменуваат со куќен притвор до изрекувањето на првостепената пресуда, распишана е централна потерница за поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков, велат добро упатени извори за Фокус.
Досегашните мерки на претпазливост на Мијалков му се сменети со куќен притвор, меѓутоа тој не е во неговиот дом на Водно, а полицијата не го пронашла ниту во Мериот.
Изрекувањето на пресудата за Мијалков, кој е обвинет за злоупотреба на службената положба и злосторничко здружување е закажано за 26 февруари.