Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Расте бројот на инциденти предизвикани од говорот на омразата

0
By Нова ТВ on July 24, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Хелсиншкиот комитет за човекови права го презентираше годишниот извештај за инциденти поттикнати од говор на омраза

Зголемен е бројот на инциденти предизвикани од говорот на омразата. Годишниот извештај на Хелсиншкиот комитет забележа пораст од 60% во бројот на инциденти во 2016, во споредба со 2015, односно 44 случаи во 2015 наспоти 70 случаи во 2016.

Од тие случаи забележан е најголем пораст (320%)во бројот на случаи чии мотиви се политичка определба или убедување.

Во 2016 година се забележани инциденти со расна мотивација па така 33% од жртвите на овие злосторствата на насилство имале статус на бегалец или мигрант. Во извештајот како илустрација се наведува нападот врз тројцата државјани од Мороко во близина на Демир Хисар на 6 јануари оваа година

Во 2015 и 2016 година немало регистриран случај на злосторство на омраза поради сексуална ориентација или родов идентитет, но Парламентот сѐ уште ги нема вклучено овие карактеристики како основа за можна дискриминација и злосторства на омраза, се наведува во извештајот на Хелсиншкиот комитет.

Во 2016 Хелсиншкиот комитет регистрира нов пораст на вакви инциденти со етничка позадина. Забележани се помеѓу членови на македонската и албанската етничка заедница по неколкугодишен значителен пад на истите. МХК напоменува дека политичките партии често користат говор на омраза на јавни дебати и во текот на предизборните кампањи.

Најголемиот дел од инцидентите (70%) се случиле во Скопје и скопските подрачја, но значаен дел од инцидентите се случиле долж паневропскиот коридор Х каде бегалците се движеле патувајќи кон ЕУ. Претежно вршители се млади луѓе, вандали и ограбувачи. 18 од случаите имаат идентификувани сторители, додека 23 се под истрага, а дури за 29 случаи нема конкретни информации за сторителите.

„Нема систематско собирање на податоци од пријавувањето, истражувањето и гонењето на говорот на омраза и злосторствата од омраза. Податоците собрани од граѓанското општество покажуваат дека властите не постапуваат соодветно со таквите злосторства“, изјави Уранија Пировска, извршен директор на МХК.

Во заклучокот на извештајот МХК ги дава следниве препораки со цел да се спречат ваквите инциденти.

(1) проширување на рамките на кривичното законодавство, опсегот на казниви дела за злосторствата од омраза и вклучување на други мотиви за пристрасност на овие дела, (2) навремена и ефикасна истрага и гонење на овие инциденти, (3) да се превземат соодветни мерки за да се олесни пријавувањето злосторства од омраза од страна на жртвите, (4) да се собираат и објавуваат сеопфатни податоци за злосторства на омраза, (5) да се осигура пружана помош, поддршка и заштита на жртвите, (6) да се промовираат обуки за релевантни практичари и (7) да се подобрат превентивните мерки за овие инциденти како едукација за човековите права.

При крајот на прес конференцијата, иако сѐ уште нема готов извештај за 2017 година, Уранија Пировска го нарече нападот врз парламентот на 27ми април „најтешкото дело на омраза“, тврдејќи дека овој инцидент бил предизвикан од говор на омраза. Хелсиншкиот комитет има поднесено специјален извештај до Специјалното јавно обвинителство (СЈО) со препорака за поднесување на кривична пријава за инцидентот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.