Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Расте интересот за професионален војник: За едно место, девет кандидати, вели министерката Петровска

0
By Sashko on August 25, 2022 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерката за одбрана Славјанка Петровска вели дека интересот за професијата професионален војник од година во година е се поголем, потсетувајќи дека во 2017 година за едно место имало речиси двајца кандидати, а на последниот конкурс за едно место имало девет кандидати.

Петровска во денешното интервју на ТВ21, уште еднаш го најави Конкурсот за прием на нови 200 професионални војници, кој ќе биде објавен во септември.

„Тоа покажува дека сериозно расте интересот и веројатно атрактивноста на професијата професионален војник ја зголемуваат и придобивките од подобрувањето на условите за извршување на таа задача, покрај ова што до сега го зборувавме во делот на модернизација и набавување на опрема, затоа што тоа е тоа што им е потребно на војниците. Се работи многу на подобрување на условите за работа во кои работат и професионалните војници, но се разбира и сиот цивилен и воен персонал во Армијата кој е опфатен со Законот за служба во Армијата“, рече Петровска.

Министерката потенцира дека ако се погледне од перспектива на првите луѓе во одбраната, првиот министер за одбрана, началник на Генералштаб и претседател на држава во овие изминати 30 години, тие сигурно се горди на она што денес е постигнато, односно на она што денес го имаме како Армија и како дел на одбранбениот систем во нашата држава.

Говорејќи за одбранбениот буџет и неговото користење, министерката Петровска истакна дека одбранбениот буџет изминатите години расте и дека тој тренд и понатаму ќе продолжи.

 „Повеќе од 30 отсто од одбранбениот буџет се користи за модернизација на Армијата. Одбранбениот буџет расте и тој правилно се користи – не само за плати и придонеси на вработените, туку и за модернизацијата на Армијата, нови вложувања и зајакнување на човечките ресурси“, рече министерката Петровска.

Покрај зголемениот буџет и процесите на модернизација и опремување, министерка Петровска потенцираше дека со новите измени и дополнувања на Законот за служба во Армијата се придонесува да имаме доволно мотивирана Армија, која е секогаш подготвена за справување со предизвиците на национално ниво.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пожар на два електрични столба, десетици илјади домаќинства во Берлин останаа без струја

September 9, 2025

Полицијата го евакуира центарот на Братислава поради бомба од Втората светска војна

September 9, 2025

Атина 48 часа без такси превоз поради штрајк на синдикатот на такси превозници

September 9, 2025

Август 2025 е третиот најтопол месец во светот досега

September 9, 2025

Бројот на барања за азил во ЕУ драстично опадна во првата половина од годината

September 8, 2025
ФОКУС

Макрон го назначи Себастијен Лекорњу за новиот премиер на Франција

ВЕСТИ September 9, 2025

Елисејската палата вечерва соопшти дека францускиот министер за одбрана Себастијен Лекорњу е именуван за нов…

Рубио: САД ги предупредуваат другите земји дека признавањето на Палестина ќе предизвика повеќе проблеми

September 5, 2025

Варшава: Русија ноќеска изврши бран напади на западот на Украина, Полска крена воени авиони

September 3, 2025

Евробарометар: 70 отсто од македонските граѓани подржуваат членство во ЕУ 

September 2, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Пожар на два електрични столба, десетици илјади домаќинства во Берлин останаа без струја

September 9, 2025

Полицијата го евакуира центарот на Братислава поради бомба од Втората светска војна

September 9, 2025

Атина 48 часа без такси превоз поради штрајк на синдикатот на такси превозници

September 9, 2025

Август 2025 е третиот најтопол месец во светот досега

September 9, 2025

Бројот на барања за азил во ЕУ драстично опадна во првата половина од годината

September 8, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.