Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Различни одговори на надлежните: Има ли хемикалии во краставиците во Македонија?

0
By Менче Атанасова Точи on November 12, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На пазарите во Македонија нема краставици во кои беше најдено големо количество на опасна хемиска супстанца, пестициди, во лабораториите во Хрватска, од каде што беа и вратени. Ова за НОВА го тврдат во Агенцијата за храна и ветеринарство. Заменик директорот на Агенцијата Абдулезел Догани, потенцира дека контаминираните краставици во кои е најдено зголемено ниво на пестицидот хлорпирифос воопшто не се вратени назад во Македонија, туку се уништени во Хрватска.

Догани е дециден дека на пазарите во државата не се наоѓаат краставици кои имаат пестициди повеќе од дозволеното. Сепак, во Агенцијата не откриваат која е фирмата што извезувала вакви контаминирани краставици со опасната хемиска супстанца-пестицид во Хрватска, ниту од каде е потеклото на краставиците. Единствено се знае дека станува збор за корнишони, краставици кои служат за конзервирање, кои домаќинките ги ставаат во зимница овој период.

Инспекторите денеска биле на лице место и краставиците кои се затекнати во складот, не е дозволено да се продаваат на пазарот.

-Ние заедно со Фитосанитарната инспекција направивме контрола кај производителот, земавме три мостри од затекнатите краставици кои се однесени на испитување во Инститот за јавно здравје. Добиените резулатати покажаа дека се под максимално дозволеното присуство на пестиции изјави за НОВА Абдулезел Догани заменик директор на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Но, неговиот одговор е различен од она што го добивме како одговор во Институтот за јавно здравје.

Од таму за НОВА потврдија дека денеска биле донесени три мостри за испитување на барање на Агенцијата за храна, не знаат од каде е потеклото на мострите, но велат дека анализите воопшто не биле завршени.

-Точно е дека се донесени три мостри за испитување од Агенцијата за храна, но анализите кај нас се уште не се завршени и резултатите не се готови, тврдат за НОВА во Институтот за јавно здравје.

Ова ја отвара дилема знаат ли граѓаните што јадат? Колку се сигурни земјоделските производи на македонските пазари, дали се контролира квалитетот на храната? Знаат ли всушност земјоделците колку е дозволената граница на пестиции со кои се прскаат овошјето и зеленукот?

-Како можам да бидам сигурен што јадам , кога од друга држава слушам дека македонски краставиците биле вратени како опасни по здравјето. Зошто инстуциите не излегоа први тоа да им го соопштат на граѓаните вели Слободан Д. од Скопје.

Граѓаните се уплашени и немаат доверба во институциите.

-Вознемирена сум, подготвувам зимница,а од неа ќе јадат и моите внучиња. На кого да му верувам, постојат ли стандарди во оваа држава со кои се регулираат овие работи прашува Наталија С. Која ја затекнавме на еден од скопските пазари.

Догани тврди дека земјоделските производи се безбедни. Тој вели дека минатата година биле направени 95 анализи и кај сите се покажало дека нивото на пестициди е во рамките на дозволените граници. Оваа година биле направени 105 анализи, а во периодот од 2013 до 2014 година планирано било да се направат над 505 анализи.

Засега, вели Догани можеме да кажеме дека нивото на пестициди во сите испитани производи не отстапува од дозволените граници. Сепак, признава дека не е возможно да се испита се што се продава на пазарот. Тој вели дека проблемот е кај индивидуалните земјоделци кои често производите ги продаваат директно од градината, некогаш во брзање за да го продадат произведеното кога ќе дојде купувачот воопшто не водат сметка кога било направено последното прскање велат стручњаците.

Токму таков беше случајот со двете пратки од 34 тона краставици кои ги открија хрватските инспектори. Сличен случај имаше и со јаболките, кога во мај годинава рускиот премиер Дмитриј Медведев им порача на трговците од својата земја дека увозот на земјоделски производи може да биде опасен по здравјето заради високите количества на пестициди и нитрати. Тој ги спомна јаболката од Полска и Србија,но од српската Стопанска комора тврдеа дека јаболката потекнувале од нелегален увоз на јаболка од Македонија.

Она, што зачудува е фактот зошто не се кажува кој е производителот и фирмата која ги извезла корнишоните. И во Стопанска комора денеска тврдеа дека не знаат која е фирмата која направила извоз на затруени краставици во Хрватска. Од таму велат дека Фирмата не контактирала со нив, не побарале помош или консултација, а немале никаков контакт ниту со Агенцијата за храна и ветеринарство.

Од Агенцијата за храна пак, велат дека Фирмата ќе биде санкционирана според законот за земјоделство, но нејзиното име останува енигма за македонската јавност.

НОВА се обрати и во Организацијата за потрошувачи, со прашање дали воопшто оствариле контакт со Агенцијата, добиле ли известување од таму за да можат да им објаснат на потрошувачите за што се работи.

-Ние не смееме да им упаднеме во системот на работење на Агенцијата за храна и Министертвото за земјоделие. Очекуваме овие две институции да извршат увид и дека краставиците ќе бидат уништени, и она што е најважно треба поголема контрола, санкции, но пред се едукација и обуки на земјоделците за правилна примена на пестициите. Инаку вака само се уништува имиџот на државата, изјави за НОВА Маријана Лончар од Организацијата на потрошувачи.

НОВА од Агенцијата за храна побара да и ги покаже резултатите од анализите и документите со кои се гарантира дека производи со опасна хемиска супстанца нема на пазарите во Македонија. Очекуваме тоа да го сторат во текот на денешниот ден.

Инаку, пестицидите се употребуваат заради заштита на земјоделските производи од штетници. Големите количини пестициди во производите предизвикува тешки здравствени проблеми, како што е развојот на канцерогени заболувања.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Норвешкиот Нобелов институт ќе испитува дали имало протекување на информации во врска со името на овогодишниот добитник на Нобеловата награда за мир

October 11, 2025

Макрон повторно го назначи Лекорну за премиер на Франција

October 11, 2025

И студентите во блокадата и поддржувачите на владата организираат собири за поддршка на Србите во Косово

October 11, 2025

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025

Кина воведе пристанишни такси за американските бродови

October 10, 2025
ФОКУС

18 килограми злато или 1.8 милиони евра е пленот на вооружените разбојници од златарницата во Гостивар

ВЕСТИ October 11, 2025

Вредноста на украденото злато се проценува на околу 1,8 милиони евра.

84 години 11 октомври – Oдбележување на Денот на народното востание

October 11, 2025

Добитничката на Нобелова награда за мир Мачадо: Ја посветувам наградата на страдалниот народ и претседателот Трамп

October 10, 2025

По прекинот на огнот илјадници Палестинци се вратија во Газа

October 10, 2025
ТИКЕР

Норвешкиот Нобелов институт ќе испитува дали имало протекување на информации во врска со името на овогодишниот добитник на Нобеловата награда за мир

October 11, 2025

Макрон повторно го назначи Лекорну за премиер на Франција

October 11, 2025

И студентите во блокадата и поддржувачите на владата организираат собири за поддршка на Србите во Косово

October 11, 2025

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025

Кина воведе пристанишни такси за американските бродови

October 10, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.