Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Различни тврдења за терористички кампови во Македонија

0
By Нова ТВ on August 7, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

МВР демантира дека на Балканот и во Македонија постојат кампови за обука на исламски терористи, што беше информација на Руското радио „Глас на Русија“ .

-Во континуитет ја следиме безбедносната состојба во Македонија, но и во регионот. Во моментот нема никаков посериозен ризик по безбедноста на граѓаните. Ние сме подготвени веднаш да реагираме и да неутрализирам било каква опасност и закана за безбедносната состојба, ја пренесуваат македонските медиуми изјавата на Иво Котевски, портпарол на МВР.

Глас на Русија објави дека Босна, Албанија, Косово, Македонија, јужниот дел на Србија и на Црна Гора во иднина треба да станат обединета исламска држава. Ова е првата фаза од окупацијата на Европа во смисла на исламистичкиот план „Европа 3000“. Терористичките обуки се вршат во „безбедните албански области“, односно во Албанија, Косово и во еден дел од Македонија. Тие оперираат под заштитниот чадор на албанската национална армија (АНА или АКШ), организацијата – наследник на УЧК“.

Според извори на кои се повикува државното руско радио, се регрутираат и обучуваат Босанци и Албанци со словенски изглед за извршување терористички активности. Овие борци тогаш би можеле да патуваат низ целиот свет без да разбудат сомнеж кај полициските и разузнавачките служби.

Овие терористи се нарекуваат „бели ѓаволи“ и добиваат најдобра обука и се подготвени за џихад во цела Европа и Русија.

Сепак, пред 2 месеци, поранешниот прв разузнавач во Македонија, а сега редовен професор на факултетот за безбедност во Скопје, Иван Бабамовски предупреди дека Скопје последните месеци личи на Казабланка во очи Втората светска војна, изјава која ја објави црногорскиот весник „Дан“.

Дали насетува турбуленции во овој регион или е во прашање погодна „клима“ за нивна работа ќе покаже времето.

Меѓутоа факт е дека сите значајни држави од регионот и светот ги зајакнуваат своите разузнавачки активности во главниот град на Македонија и низ целата држава, пред се поради тоа што во Македонија активно делуваат подведувачи од многу исламистички земји, а на воените полиња во Афганистан, Сирија, Ирак, Либија и ширум светот, каде се чувствуваат последиците од „арапската пролет“, се наоѓаат доброволци од Македонија.

Главно млади луѓе, без вработување идноктринирани со идеологијата на Ал Каеда кои им припаѓаат на албанските кланови кои имаат силни врски со арапскиот свет, но и со моќните нарко-картели на Косово, Албанија, Авганистан и ширум Европа.

Вели за „Дан“, професорот Иван Бабамовски, според кого во Македонија се се уште активни камповите на Ал Каеда, кои ги користат доброволци од албанските средини во регионот за воена обука со цел да им се приклучат на сириските бунтовничкии организацииво борба против режимот на Башар ал Асад.

„Во Македонија има многу такви кампови во кои се собираат, подготвуваат и од тука се праќаат доброволци кај сириските бунтовници и се создаваат екстремистички муслимански структури. Според некои сознанија, моментално во Сирија се борат околу 140 Албанци, државјани на Република Македонија, но ги има и од регионот.

Еден државјанин на Македонија веќе загинал во Сирија. Тие тренираат во истите центри во Македонија што ги користеше Ал каеда за време на војната во Босна, на Косово и за време на судирите во Македонија 2000–2001 година.

Тоа се камповите на Шар Планина над Тетово и по граничните делови кон Косово, над Лешница и на локалитетот Три Води. Обуката ја вршат пензионирани структури од МПРИ и Халибартон чии седишта се на Косово, во близина на Качаник, десетина километри од македонската граница. Меѓу нив има и искусни борци од фронтовите во Авганистан, Косово и од Босна“, вели Бабамовски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

ВЕСТИ November 8, 2025

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за…

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.