Иницијаторите за промени и демократизација на ВМРО ДПМНЕ кои во петокот излегоа на прес конференција се разрешени од партиските функции.
Информацијата за разрешувањето од партиски функции на реформаторите на својот Фејсбук профил ја потврди и Александар Стојчевски. Тој напиша дека се разрешени претседателот на Општинскиот комитет Центар, потпретседателот на Општинскиот комитет Аеродром, а има и голем притисок врз членовите на ВМРО-ДПМНЕ, поддржувачи на иницијативата преку уцени и закани да се исклучат од Фејсбук групата.
„ ВМРО ДПМНЕ нема да биде приватна компанија на еден човек, партија на султани и поданици. ВМРО ДПМНЕ ќе биде демократска и модерна партија. Партија на силни индивидуи, каде секој член ќе биде почитуван и ќе има еднаква шанса. Еден апел и до лицата што вршат притисок врз членството да престанат со тоа, затоа што за брзо време ќе се срамат од своите постапки. Секој има право на слободна мисла и став без да биде етикетиран и шиканиран. Време е партијата да ја вратиме на членовите“, пишува Стојчевски на својот Фејсбук профил.
Во Фејсбук разговорите пратеникот Антонијо Милошоски бара од членството на ВМРО-ДПМНЕ да излезат од групата за реформи тврдејќи дека групата ја направиле „комуњари“, а барал оваа информација да се пренесува и на друите членови.


