Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Реакциите од лидерите од светот по смртта на Ариел Шерон

0
By Нова ТВ on January 11, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Реакциите од израелските и палестинските претставници, како и другите светски лидери, за смртта на поранешниот Премиер на Израел се различни.

„Израел се поклонува пред поранешниот премиер Ариел Шерон“, се вели во соопштението на премиерот Бенџамин Нетанјаху, кој изрази „длабока тага“ за веста за смртта на Шерон. „Неговото сеќавање засекогаш ќе остане во срцето на нашата нација“.

Од палестинскиот претседател, Махмуд Абас нема коментар, но официјален претставник од партијата на Абас изјави дека токму Шерон е виновен за смртта на поранешниот лидер на Палестина, Јасер Арафат.

Претседателот на САД пак, Барак Обама, изрази сочуство до фамилијата на Шерон. „Им се придружуваме на Израелците во нивната жалост и почит“.

Францускиот претседател Франсоа Оланд, го нарече Ариел Шерон „една од најголемите фигури во историјата на неговата земја“.

– По долга воена и политичка кариера, тој се одлучи да влезе во дијалог со Палестина, ги нудам моите најдлабоки сочуства до неговата фамилија и народот на Израел, рече Оланд.

Во Велика Британија, премиерот Дејвид Камерон изјави: „Ариел Шерон е еден од најзначајните личности во израелската историја и како Премиер беше храбар во потрагата по мирот…Израел денес загуби важен лидер“.

И генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун изрази жал за смртта на поранешниот Премиер на Израел.

„Премиерот Шерон ќе биде запаметен по неговата политичка храброст и одлучност да се носи со болните и историски одлуки да ги извади израелските војници од појасот Газа. Неговите наследници се соочуваат со тежок предизвик да ги спроведат идеите за мир помеѓу Израелците и Палестинците“, се вели во соопштението на ОН.

Карл Билт, министерот за надворешни работи на Шведска на Твитер напиша: „Ариел Шерон беше голем лидер на Израел. Брилијантен командант, но исто така мудар да ја види потребата за мир“.

Поранешниот Премиер на Израел, почина денеска на 85-годишна возраст откако беше во кома од 2006 година.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
ФОКУС

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

ВЕСТИ November 7, 2025

Швајцарскиот гигант „Ганвор Груп“ ја повлече понудата од 22 милијарди долари за меѓународниот бизнис на…

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.