Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Реакција на МИА: Критиките кон нас се неосновани и паушални

0
By Нова ТВ on June 21, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонската информативна агенција реагира за критиките на некои македонски медиуми во однос на нивното известување од конференција во Брисел посветена на слобода на медиумите „Спик ап“- МИА смета дека се целосно несоновани и паушални.

Во реакцијата се вели:

-Во врска со нападите врз Македонската информативна агенција во однос на известувањето од конференција во Брисел посветена на слобода на медиумите „Спик ап“, МИА смета дека се целосно несоновани и паушални.
Зачудени сме од неоснованата критика, и дополнително од фактот што критикуваат лица кои на само пет минути пред да ги изречат критиките кон МИА говорат за слобода на изразувањето, за правото на изразување и информирање.

Новинарите на МИА работат во согласност со сите стандарди. Другите медиуми, меѓу кои и оние што неосновано критикуваат треба да се грижат за својата професионалсност и етичност.

МИА, како и досега ќе продолжи да биде промотор на независното и објективно новинарство и на информирање според сите професионални стандарди и етички принципи, факт кој во јавноста е познат и признат, се вели во реакцијата на МИА.

Имено, НОВА вчера објави дека дописникот на МИА од Брисел, Бобан Нонковиќ во текст за бриселската Конференција извршниот директор на Здружението на новинари Драган Секуловски го нарече “Кодош кој ја ставил на тапет својата држава пред евробирократите во Брисел”, “извесен директор на ЗНМ кој повел тирада против земјата во Брисел”, што беше само дел од квалификациите на адреса на извршниот директор на Здружението на новинари Драган Секуловски.

Текстот се однесуваше на излагањето на Секуловски на тркалезната маса насловена “Правниот аспект на слободата на медиумите на Западниот Балкан” во организација на Поткомитетот за човекови права на ЕП која се одржа вчера во Брисел.

Текстот со наслов „Директор на ЗНМ во Европарламентот ја критикуваше Македонија, Ховит ја бранеше“ предизвика бура реакции во некои Портали, но и меѓу новинарите на социјалните мрежи кои коментираа дека содржината не е ништо освен хајка кон Секуловски кој ја изнесувал фактичката состојба за медиумите во земјата како гостин на трибината, но и лоша порака кон сите критични новинари, ако се има во предвид дека МИА е државен сервис каде Владата има својство на Собрание на друштвото и таа го именува надзорниот одбор.

Во текстот меѓу другото беше објавено: „Но, Секуловски тука не завршува, па ја искодоши својата држава и за тоа што Советот за радиодифузија ја одзел дозволата на телевизискиот канал “А2“….или „Својата тирада против државата Македонија, директорот од ЗНМ ја продолжи…; релативниот долгиот допис изобилуваше со вакви и слични квалификации на адреса на Секуловски, притоа истакнувајќи дека да не биле известувачот во ЕП за Македонија Ричард Ховит и пратеникот Илија Димовски, земјата „ќе останела неодбранета“.

Посочениот „кодош“ Драган Секуловски за НОВА изјави дека не тој, туку оние кои стојат зад текстот се тие кои го нарушуваат имиџот на земјата надвор.

– Срамно е тоа што овој текст е од Македонската информативна агенција која треба да ги промовира новинарските стандарди. Со ваков непрофесионален и неетичен начин на претставување на фактите се нанесува штета на Македонија пред високите претставници на Европскиот парламент и Европската комисија, кои беа присутни на сесијата организирана од страна на Комитетот за човекови права. За илустрација евро-парламентарката Дорис Пак на својот твитер профил во овој контекст напиша дека индивидуите и граѓанските организации кои даваат конструктивни критики не треба да се клеветени од страна на медиумите, вели Секуловски за НОВА.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
ФОКУС

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

ВЕСТИ November 3, 2025

Пред утрешното објавување на пакетот извештаи за проширувањето на ЕУ, сите пофалби ќе одат за…

Оставката на Ана Чупеска

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Локални избори 2025: Почна гласањето за вториот круг

November 2, 2025
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.