Ваквите постапки се во спротивност на основните принципи и вредности на НАТО Алијансата во која и двете држави се рамноправни членки, стои во реакцијата од кабинетот на претседателот Пендаровски, откако бугарскиот премиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов на социјалните мрежи објави честитка за 8. март со карта на голема Бугарија.
„Претседателот Пендаровски, во однос на ваквите изјави кои доаѓаат од Софија секогаш укажувал дека претставуваат отворено кршење на Договорот за добрососедство и ја поткопуваат довербата меѓу двете земји и народи. Ваквите постапки се во спротивност на основните принципи и вредности на НАТО Алијансата во која и двете држави се рамноправни членки.“, стои во реакцијата од кабинетот.